Се сретна со биолошкиот татко, сака да црта: Каде е денес детето што беше оставено да умре од глад?
„Родителите на малото момче се разведени. Од безбедносни и правни причини не можам да навлегувам во детали. Таткото на Хоуп беше многу изненаден што повторно го виде својот син. А Хоуп само стоеше и го гледаше.
Кога се вративме, Хоуп ми го зеде телефонот и беше толку возбуден да им покаже на другите момчиња како изгледа неговиот татко.
Хоуп нема да живее со татко му или мајка му од многу причини.
Но, без разлика што се случило во минатото, децата треба да ги знаат своите корени.
Децата треба да знаат од каде потекнуваат, бидејќи тоа го создава нивниот идентитет.
Да се има идентитет е основно човеково право.
Така и Хоуп ќе сфати кој всушност е и да не заборави што му се случило, напротив, тоа знаење може само да го ослободи“, заклучила Ања.
Во Инстаграм објава од август годинава, Ања дава одговор и на прашањето зошто некои деца во Нигерија се прогласувани за вештери:
„Краткиот одговор е: незнаење и сиромаштија. Но, морам да ги додадам и корупцијата и религијата во равенката.
Да појаснам – обвинувањето на децата за вештерство станало начин да се објаснат несреќите и тешкотиите, како смрт, развод или болест во семејства и заедниците.
Недостатокот од образование води до ограничено знаење за болестите кои, поткрепени со силни верувања, ги тераат луѓето да бараат натприродни одговори.
Децата кои се болни од маларија, тифус и други чести тропски болести и децата кои изгледаат агресивни, интровертни, тврдоглави или се родени со физички деформитети, е поверојатно да бидат обвинети за вештерство.
Децата кои се одгледани од очуви и маќеи исто така е поверојатно да бидат обвинети за вештерство и, многупати, стигмата има влијание не само врз едно, туку врз сите деца во семејството бидејќи тие јадат, си играат и спијат заедно во истата соба“.
Ања истакнува дека ова е само еден дел од проблемот. Таа вели дека законите за заштита на деца не се имплементираат, но и дека за некои злобни луѓе, прогласувањето на децата за вештери е бизнис.
Односно, тие што се претставуваат како свештени лица наплаќаат за егзорцизми и што уште не бидејќи родителите мислат дека нивните деца се опседнати.
„Денес Хоуп е жив. За неколку дена ќе беше мртов, откако беше обвинет дека е вештер.
Има многу деца како Хоуп на кои им треба нашиот глас да се бори за нивните права“, завршува нејзината објава.
С. Ш. | Црнобело