Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и неговиот култ со вампири
На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самиот е 500-годишен вампир. Со култот тој извршувал разни сатанистички ритуали, а сето тоа кулминирало со убиство на брачен пар. Поради злосторството, Род станал најмладата личност во Америка која добила смртна казна.
Родерик Џастин Ферел, познат како Род, е лидер на култ кој ги убедил своите следбеници дека е 500-годишен вампир.
Покрај бизарните ритуали што ги изведувал со култот – како пиење крв – Род убил и брачен пар, па сега отслужува доживотна казна затвор.
Убиствата се случиле кога Род имал само 16 години.
Род имал проблематично детство и самиот тврдел дека бил сексуално нападнат од член од семејството.
Неговите родители се разделиле додека бил многу мал, по што тој живеел со мајка му.
Во тинејџерските години, Род бил опседнат со друштвената игра Vampire: The Masquerade. Веројатно претпоставувате од името дека играчите во играта преземаат улоги на вампири.
Поради оваа опсесија, Род почнал да верува дека е вампир стар 500 години и велел дека вистинското име му е Весаго.
До 16-годишна возраст, тој веќе бил проблематичен тинејџер.
Покрај проблемите со дрогата, неговата детска соба ја претворил во вид светилиште за вампири и други мрачни натприродни суштества.
Честопати самиот изведувал сатанистички ритуали, а одел дотаму што дури и се самоповредувал.
„Сè што слушав беше мрачно, беше засновано на омраза, војна, смрт, болка, целата музика што ја слушав, сите филмови што ги гледав…
Во мојата соба имаше многу работи од мрачниот окултизам, како ’Сатанската библија‘, имав и крстови свртени наопаку“, има изјавено самиот во интервју за Crime Watch Daily.
Не е познато како точно Род го почнал својот култ, но по неговото апсење се дознало дека покрај него има пет главни членови.
Властите верувале дека во култот членуваат можеби и 30 луѓе, но нивните идентитети не се познати.
Род и петте членови имале само 16 години.
Се состанувале во напуштена куќа која ја нарекувале „Вампирски хотел“, каде што изведувале бизарни ритуали.
Тие ја пиеле нивната крв и се повредувале, а наводно правеле слични ритуали и по гробишта.