Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и неговиот култ со вампири

Жртвите на Род биле родителите на девојка која била дел од култот – Хедер Вендроф.

Но, според Род, тие не планирале да ги убијат родителите. Имено, Род само сакал да им го украде автомобилот и да ѝ помогне на Хедер да избега од дома бидејќи наводно родителите ја малтретирале.

На 25-ти ноември 1996 година, Род со уште еден член од култот влегол во домот на Хедер преку гаражата. Таткото на Хедер спиел, додека мајка ѝ се туширала.

Додека таткото спиел, Род го удрил неколкупати со хебла и тој умрел речиси веднаш.

Кога мајката излегла од бањата и го здогледала мртвиот сопруг, Род почнал да ја удира и неа, по што ја убил.

dobil-smrtna-kazna-na-16-godini-mislel-deka-e-500-godishen-vampir-bizarniot-sluchaj-na-rod-i-negoviot-kult-so-vampiri-02.jpg

Додека се случувало ова, Хедер била во друга куќа со две девојки од култот.

Род и соучесникот побегнале од домот, а телата на мажот и жената ги пронашла сестрата на Хедер.

Заедно со соучесникот, Хедер и двете девојки, Род возел четири дена, пред да биде фатен во друг град.

dobil-smrtna-kazna-na-16-godini-mislel-deka-e-500-godishen-vampir-bizarniot-sluchaj-na-rod-i-negoviot-kult-so-vampiri-10_copy.jpg

Бидејќи останале без пари, една од девојките во култот решила да ѝ се јави на баба ѝ со надеж дека ќе им помогне.

Но, бидејќи полицијата веќе имала претстава кој стои зад убиството, бабата на девојка веднаш ги известила надлежните.

dobil-smrtna-kazna-na-16-godini-mislel-deka-e-500-godishen-vampir-bizarniot-sluchaj-na-rod-i-negoviot-kult-so-vampiri-07.jpg

На судењето, Род ја признал вината речиси веднаш. Хедер, од друга страна, не признала дека сакала нејзините родители да бидат убиени, па била пуштена на слобода.

По признанието на Род, уште четворица од култот биле прогласени за виновни и добиле затворски казни.

dobil-smrtna-kazna-na-16-godini-mislel-deka-e-500-godishen-vampir-bizarniot-sluchaj-na-rod-i-negoviot-kult-so-vampiri-06.jpg

Род, пак, со своите 16 години, станал најмладата личност која добила смртна казна. Сепак, потоа казната му била променета на доживотна.

Моментално тој има 42 години и се наоѓа во затвор. Пред некоја година, даде изјава со која јавно му се извини на семејството на своите жртви.

dobil-smrtna-kazna-na-16-godini-mislel-deka-e-500-godishen-vampir-bizarniot-sluchaj-na-rod-i-negoviot-kult-so-vampiri-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg