Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Почнала афера со сопругот на пријателка, па ја убила со секира – Како Кенди Монтгомери од САД избегнала затворска казна за убиство?

Кенди Монтгомери почнала афера со сопругот на нејзината пријателка. Но, откако завршила аферата, таа ја убила пријателката на свиреп начин – ѝ нанела дури 41 повреда со секира. На големо изненадување на сите, Кенди била прогласена за невина.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-01.jpg

Во 1980 година, во САД се случило грозоморно убиство кое до денес ја буни јавноста. 30-годишната Кенди Монтгомери ја убила нејзината добра пријателка со секира.

Но, подоцна била ослободена бидејќи успеала да ја убеди поротата дека станувало збор за самоодбрана.

Уште поморничаво е што убиството се случило на петок 13-ти, и тоа само околу еден месец по премиерата на сега култниот филм Friday the 13th.

Што точно се случило и како Кенди ја избегнала затворската казна?

Во 1977 година, Кенди Монтгомери и нејзиниот сопруг Пет се преселиле во гратче во Тексас, заедно со нивните две деца.

Таму тие редовно ја посетувале локалната црква.

Токму во црквата, Кенди ја запознала Бети Гор – учителка во основно училиште.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-08.jpgКенди Монтгомери

Двете жени почнале заедно да пеат во црковниот хор, а се зближиле уште повеќе бидејќи нивните ќерки станале добри пријателки.

Покрај тоа, тие практично биле соседи – Бети, со сопругот Алан и двете деца, живеела во непосредна близина на домот на Кенди и Пет.

Во октомври 1978 година, Кенди почнала да флертува со сопругот на Бети. Наводно, му рекла дека ѝ се допаѓа и му предложила да почнат да се гледаат.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-07.jpgБети со сопругот Алан и децата

Сопругот Алан се согласил, а двајцата се договориле дека нивната афера ќе биде само за секс и ништо друго.

Додека траела аферата, Кенди продолжила да се дружи со Бети.

Но, по некое време Алан почнал да чувствува вина, па решил да стави крај на аферата. Според некои извори, со сопругата Бети почнале да одат и на брачен советник со надеж дека ќе го спасат бракот.

На 13-ти јуни 1980 година, неколку месеци откако завршила аферата, Кенди ја убила Бети.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-05.jpgБети со двете деца

Тој ден Алан не бил во гратчето и почнал да се загрижува откако не успеал да ја добие сопругата Бети на телефон.

По неколку неуспешни обиди, тој замолил некој од соседите да отиде во неговиот дом и да ја провери сопругата.

Неколку соседи успеале да влезат во куќата и ги пречекала страшна глетка – Бети лежела мртва на подот во локва крв. Речиси и да немала десно око и целата десна настрана на лицето ѝ била практично уништена.

Во близина на нејзиното мртво тело имало тешка и голема секира.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-06.jpg

Полицијата утврдила дека Бети била удрена со секирата 41 пат. Односно, Кенди продолжила да ја напаѓа дури и откако била почината.

Бидејќи Кенди била последната личност која ја видела Бети жива, веднаш станала прва осомничена и била уапсена околу две недели по убиството.

Бил најден и крвав отпечаток од неа, со што се потврдило дека таа го извршила нападот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg