Почнала афера со сопругот на пријателка, па ја убила со секира – Како Кенди Монтгомери од САД избегнала затворска казна за убиство?

Иако било јасно дека Кенди е убиецот, таа сепак успеала да ја избегне затворската казна.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-10.jpg

Најпрво адвокатите на Кенди изјавиле дека станувало збор за самоодбрана. Кенди тврдела дека почнала да се расправа со Бети поради аферата.

Тогаш Бети ја нападнала со секира, па дури и ѝ ја повредила ногата. Чудно е што Кенди навистина имала мала повреда на прстот од ногата.

Таа тврдела дека немала друг избор, освен да ја земе секирата и да се одбрани.

Многумина во судницата биле скептици за оваа приказна, најмногу бидејќи Кенди ѝ нанела 41 повреда на Бети.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-09.jpgКенди во судница

Адвокатите на Кенди најмиле и психолог кој изјавил дека инцидентот бил поттикнат од трауматично искуство на Кенди во детството.

Но, и ова сведоштво звучи малку чудно.

Според психологот, на 4-годишна возраст Кенди била удрена со стаклена чаша и повредена. Наводно, повредата од секирата ја потсетила Кенди на повредата од стаклената чаша, па таа западнала во некаков транс и несвесно ја убила Бети.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-02.jpgКенди на едно од судењата

Судењето траело осум дена, а дебатата на поротата на последниот ден од судењето траела четири часа.

На крај, поротата одлучила дека Кенди е невина и дека навистина ја убила другарка ѝ во самоодбрана.

Очекувано, одлуката била пречекана со многу негодување, но во САД мора да се слуша одлуката на поротата.

Еден од адвокатите кој ја застапувал Кенди до денес добивал писма полни со омраза бидејќи бранел убиец.

Но, во неодамнешна изјава за Daily Mail, тој вели дека верувал во приказната на Кенди.

„Ни за миг не се сомневав дека Кенди се бранела. Во еден момент, Кенди ѝ ја зела секирата на Бети и пробала да избега од собата, но Бети станала, ја зела секирата и повторно ја нападнала.

Мислам дека во тој момент, комбинацијата од страв, адреналин и сè друго, ја надвладеала Кенди, па таа ја зела секирата и почнала да ја удира Бети. Мислам дека секој може да ’се исклучи‘ во одредени околности“.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo.jpgКенди излегува од судницата насмеана

Целата ситуација создала раздор во малото гратче во Тексас бидејќи локалците имале поделено мислење за тоа дали Кенди треба да оди во затвор.

По некое време, Кенди и сопругот биле присилени да се иселат од гратчето.

Кенди и сопругот Пат се развеле во 1986 година. Кратко потоа, Кенди почнала кариера како советник за ментално здравје.

Моментално таа има 73 години и е во пензија.

Со поранешниот сопруг Алан само еднаш имаат прозборено за случајот, во 1984-та, и оттогаш немаат кажано ништо друго.

pochnala-afera-so-sorugot-na-prijatelka-pa-ja-ubila-so-sekira-kako-kendi-montgomeri-od-sad-izbegnala-zatvorska-kazna-za-ubistvo-04.jpgКенди и сопругот излегуват од судница откако е прогласена за невина

За чудниот случај има и серија од 2023 година – Love & Death – со Елизабет Олсен во главната улога.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg