Локумадес - 2 евра, лежалки - од 5 до 30 евра: Како се движат цените во Полихроно летово?
Иако сезоната е во полн ек, Македонците кои веќе летуваа таму велат дека цените скоро и да не се покачени во однос на минатогодишните, барем според искуството на оние со кои ние искомунициравме за оваа статија. Тие за CRNOBELO.com ги споделуваат искуствата од одморот во Полихроно...
Полихроно и понатаму е една од омилените лесни дестинации на Македонците кои одат на летување во Грција. До гратчето се стигнува брзо, мирно е и симпатично, не е скапо, морето е толпо, а плажите се песочни – сето ова е доволна причина за туристите да го изберат како својата омилена летна дестинација.
Иако сезоната 2023 е во полн ек, Македонците кои веќе летуваа таму велат дека цените скоро и да не се покачени во однос на минатогодишните.
За CRNOBELO.com Македонци откриваат како се движат цените на плажа и во маркетите во Полихроно:
Цената на гирото е стандардна, како и во поголемиот дел од Грција, а варира меѓу 4,3 и 4,5 евра, зависно од тоа каде ќе го купите.
Фрапе на плажа се движи од 3,8 до 4,5 евра. Нес кафето е 4 евра, а капучино и макијато се меѓу 4 и 5 евра.
Пивото на плажа е меѓу 3,5 и 4 евра (0,5l).
Пицата на парче е 2 евра, а цела пица е 12 евра.
Топка сладолед варира од 1,7 до 2,3 евра.
Локумадес е 2 евра на плажа, а цената е иста без оглед дали ќе изберете да е со шеќер или еурокрем.
Кока-кола од 0,33l е 1,9 евра, а 0,5l е 2,3 евра.
Овошјето што се продава на плажа, од камиончиња, е 1 евро за килограм – праски, кајсии, банани, цреши. Во маркетите, цените на овошјето се повисоки.
Единствено грозјето е поскапо и чини меѓу 1,5 и 2 евра за килограм.
Цените на лежалките варираат зависно од локалот и дали се пластични или модерни со душеци.
На одредени места се плаќа 5 евра лежалка со кафе. На други места, 2 или 3 лежалки со чадор за сонце во прв ред покрај морето се бесплатни, но мора да направите сметка од најмалку 30 евра во кафулето за да ги користите.
Прочитајте и Гиро 4,5 евра, лежалките од бесплатни до 40 евра по човек – Како се движат цените на плажите во Грција?
А. Ј. | Црнобело