На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти за актерот Дени Трехо

Сопственик е на неколку ресторани и барови

Покрај успешната актерска кариера, Дени Трехо е сопственик на неколку ресторани, барови и продавници за крофни.

И, неговата империја денес се проценува на 100 милиони долари.

А, во своите локали, неретко вработува луѓе кои биле во затвор или биле зависници, со цел да им помогне да се интегрираат во општеството, но и да се држат настрана од криминал и пороци.

na-14-godini-koristel-droga-bil-vo-zatvor-so-charls-menson-a-denes-im-pomaga-na-zavisnici-fakti-za-akterot-deni-treho-07.jpg

Храната што останува во неговите ресторани ја донира во засолништа

Во локалите на Дени останува многу храна, како крофни кои не се продале во текот на денот.

Но, тој вели дека одбива да ја фрла. Наместо тоа, храната која е добра за јадење, ја донира.

„Испраќаме многу храна за бездомниците. Не чуваме ништо преку ноќ и храната која е добра за јадење оди во засолништа за бездомници.

На овој начин, јас го споделувам мојот успех со другите“, има изјавено актерот.

na-14-godini-koristel-droga-bil-vo-zatvor-so-charls-menson-a-denes-im-pomaga-na-zavisnici-fakti-za-akterot-deni-treho-08.jpg

Користи каскадери за да не ги остави без работа

Ликовите што ги глуми Дени Трехо честопати се наоѓаат во опасни ситуации, како тепачки и бркотници со автомобили.

И, актерот вели дека би сакал самиот да ги снима овие сцени, но не сака каскадерите да останат без работа.

„Важно е да ви биде јасно дека снимањето филмови е бизнис. Реално, осигурителните компании не дозволуваат ние актерите да ги снимаме опасните сцени и имаме професионалци за тоа.

Како што јас сум професионален актер, има професионални каскадери. А, ако јас им се мешам во професијата, ризикувам да си го загубат работното место.

Мојот каскадер се вика Норм Мора и тоа е негова професија, а јас нема да му ја земам“.

na-14-godini-koristel-droga-bil-vo-zatvor-so-charls-menson-a-denes-im-pomaga-na-zavisnici-fakti-za-akterot-deni-treho-09.jpg

Спасил бебе по сообраќајка

Во август 2019 година, актерот сведочел на сообраќајка во Лос Анџелес. На улицата имало превртен автомобил, а внатре имало мајка со бебе.

Дени, со помош од уште еден случаен минувач, успеал да го преврти автомобилот и да ги извлече мајката и детето надвор.

Сепак, на прашањата дали се чувствува како херој, актерот само изјави:

„Тоа дете беше спасено од неговото безбедносно седиште, не од мене“.

na-14-godini-koristel-droga-bil-vo-zatvor-so-charls-menson-a-denes-im-pomaga-na-zavisnici-fakti-za-akterot-deni-treho-10.jpg

Се има појавено во речиси 400 филмови и серии

Ако го отворите профилот на Дени Трехо на IMDb, ќе забележите дека како актер се има појавено во дури 437 филмови и серии.

А, има работено како продуцент на 11 проекти.

Дел од најпознатите улоги на актерот се во филмовите Machete, From Dusk Till Dawn, Predators, Spy Kids…

na-14-godini-koristel-droga-bil-vo-zatvor-so-charls-menson-a-denes-im-pomaga-na-zavisnici-fakti-za-akterot-deni-treho-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон Иако изгледа како да направил пластична операција, промените во изгледот на Зек ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg