Знаеш дека си роден во '80-те ако...

Денес децата живеат сосема поинакво детство. За 20 години се променија многу нешта. Денес знаеме да кажеме „Ех во наше време што убаво беше...“

znaes-deka-si-roden-vo-osumdesetite-ako-001.jpg

Ова се однесува за сите оние кои го живееле своето детство во осумдесетите и деведесеттите.

Во што уживавме во тоа време?

1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“.

2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца. 

3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“. 

4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка. 

5. „Сакате ли војна“ беше доживување. 

6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“... 

7. Плачевме кога умре татко му на Симба. 

8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома. 

9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“... 

10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“. 

11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210.

12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии.

znaes-deka-si-roden-vo-osumdesetite-ako-003.jpg

13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“

14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15.

15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд.

16. Собиравме жетони тасо.

17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“.

18. На трага од авион “Прва моја среќа“.

19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“.

20. Излегувавме на кругче.

21. Фризура со кремче беше хит.

22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ .

23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште.

24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден.

25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома.

26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки.

27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.

znaes-deka-si-roden-vo-osumdesetite-ako-002.jpg

28. Одевме во „Египет“ и „Малага“  на сладолед.

29. Бевме безгрижни и среќни деца!

Ова е уште едно видео кое ќе ве потсети на '90-тите:

Има уште многу... Но, оставаме секој од вас да помогне да ја дополниме листава...

Би можело да ве интересира:

Васил Гарванлиев за CRNOBELO лексикон: „Џејсон прави најубава мусака, ја надмина дури и мама“ „Идол ми е мама. Цел живот го ризикуваше за да ни овозможи да сме тоа што сме со...
„Степ дринк“, „Симче“ - Производи кои им будат носталгија на сите што пораснаа во едно поинакво врем... Ако сте оделе во училиште на почетокот на 2000-тите години и на крајот на 90-тит...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Како денот ми стана „потоп“ затоа што не ја прочитав временската прогноза? Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој ...
Зошто си одите од Македонија? Таму нема топло ајварче со сиренце. Таму нема домашно месени јуфки, сушени во дв...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg