Зошто си одите од Македонија?

Таму го нема мирисот на детството, ниту дрвото каде се криевте за време на криенка како дете. Ниту има случајни средби во град со првата љубов во животот. Ниту го има чувството дека сте свои на своето... Зошто си одите?

zoshto-si-odite-od-makedonija-01.jpg

Таму нема топло ајварче со сиренце.

Таму нема домашно месени јуфки, сушени во дворот на баба.

Ниту слатко од смокви и џем од сливи, знаете од оној нејзиниот домашен.

Таму не сум јас (другарката) со која кафе си пиевте и душата од маки си ја „цедевте“.

Таму го нема мирисот на детството, ниту дрвото каде се криевте за време на криенка како дете.

Ниту каменот на кој се сопнавте додека игравте брканица.

Таму не се ни вашите мама и тато за кои ќе бидете ќере/сине и кога белите влакна ќе ви осамнат на главата.

Таму не можете на улица да ја сретнете учителката што ви предаваше во прво одделение.

Таму нема средби од типот 25 години од матура.

Ниту има случајни средби во град со првата љубов во животот.

Таму ги нема луѓето кои за вас живот значат.

Ниту ви се блиску соседите, во чиј стан практично пораснавте.

Таму нема разговори на мајчиниот јазик.

Ниту го има чувството дека сте свои на своето...

Дека сте во својата татковина.

Дека оваа земја е ваша имовина.

Таму сте дојденци.

Таму секогаш ќе се прашувате дали сте добредојдени.

Таму некогаш ќе ве колеба дали всушност ја избравте вистинската земја за преселба.

Таму секогаш ќе ви фали дома.

Затоа што секогаш ќе се преиспитувате дали убаво направивте што Македонија си ја напуштивте.

Дали вистина ни е толку лошо?

Или само се навикнавме фокусот на лошото да го ставаме.

Па, кога ќе отидеме надвор розови очила си заковуваме.

За да не се покаеме.

Таму магично учиме на доброто како да се фокусираме.

Нешто за кое ако бевме способни и дома да го сториме.

Можеби поубаво ќе ни беше.

Можеби немаше да заминеме.

Можеби убаво ќе си живеевме.

Затоа што сепак на крајот од денот – само дома си е дома.

А мене ќе ми фалите...

Сите вие што си отидовте.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg