Како денот ми стана „потоп“ затоа што не ја прочитав временската прогноза?

Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој не ми веруваше во приказната сѐ додека не му ја покажав фотографијата од автобусите... Како денот ми се претвори во „потоп“ затоа што не ја прочитав прогнозата на Славчо?

kako-denot-mi-stana-potop-zatoa-shto-ne-ja-prochitav-vremenskata-prognoza-01.jpg

Нашиот метеоролог Славчо Поповски си даде детална анализа на временските случувања за следниот викенд, ама кој да прочита... И така дојде 16.00 часот вчера, јас конечно кревам глава од компјутер и велам ај да си одам, кога гледам дека надвор истура...

„Леле немам чадор, велам“;

„Зарем не ја прочита прогнозата?“ – ме прашуваат колегите, на што одговорив дека немав време.

kako-denot-mi-stana-potop-zatoa-shto-ne-ja-prochitav-vremenskata-prognoza-03.jpg

Тргнав да си одам накај дома, и некако успеав да се стуткам да не накиснам до постојката кај Буњаковец, каде се засолнав и чекав автобус, кога ете, конечно дојде и еден од автобусите што вози во правец кон мојот дом.

„Супер, празен автобус“ – си мислам и се радувам што внатре има само 5-6 патници и возачот, па секако најдов место за седење, каде што ќе може да се задлабочам во некоја книга додека патувам 40-тина минути кон дома...

kako-denot-mi-stana-potop-zatoa-shto-ne-ja-prochitav-vremenskata-prognoza-05.jpg

Кога по само две станици, на раскрсницата по Соборниот храм имаше сообраќајна несреќа со автобус и автомобил, а нашиот возач не успеа на прва да ја заобиколи, па мораше неколкупати да излегува од автобусот за да изманеврира и за да го сврти возилото за да помине...

И таман го нaмести, си велам: „Добро е ќе поминеме“, кога тој гневен застана и ни вели:

„Браво бе, никој не станавте да ми помогнете, сега излегувајте од автобусот... Немам намера да ве возам повеќе, ајде мрш надвор... Не возам веќе...“

Јас, неколку повозрасни жени и еден чичко во години бевме единствените во автобусот и полека тргнавме да излегуваме, иако, навистина не беше фер тоа што ни го направи и нѐ исфрли на дождот без чадори и без кабаници.

kako-denot-mi-stana-potop-zatoa-shto-ne-ja-prochitav-vremenskata-prognoza-04.jpg

Си застана така со автобусот и си стоеше добри 10-тина минути го блокираше сообраќајот, па ниту автомобил, ниту такси не можеше да помине и да ги заобиколи...

Тргнав до некаде да одам пеш. Од Соборна до следната станица кај мостот „Гоце Делчев“, но немаше ниту еден автомобил да помине, сѐ додека возачот со автобусот што ме исфрли не помина покрај мене и не ме избања до гола кожа.

kako-denot-mi-stana-potop-zatoa-shto-ne-ja-prochitav-vremenskata-prognoza-06.jpg

Успеав некако да стигнам до Мавровка и оттаму да си фатам такси, кое ми наплати солидни 400 денари до дома.

Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој не ми веруваше во приказната сѐ додека не му ја покажав фотографијата од автобусите...

Додека го пиев топлиот чај што ми го донесе сопругот и се трудев да се стоплам покрај огнот, си седам и си мислам:

„Нема шанси веќе да не ја прочитам временската прогноза!“

kako-denot-mi-stana-potop-zatoa-shto-ne-ja-prochitav-vremenskata-prognoza-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg