Плавуша ќе оди на пат „за Америка“
На средината на Пашкиот мост (Хрватска), на самиот раб од оградата стои една преубава и совршено градена плавуша.
Погледот и е насочен надолу во синото море, со желба да се убие, кога, во меѓувреме поминува еден морнар во униформа:
- Девојко, што правиш тука на мостов? – ја прашува морнарот.
-Ма, сакам да се убијам, ...секое машко сака само да ме помине за една ноќ, никој не сака да биде со мене заради друштво или слично! – тажно одговори плавушата.
-Немој така, не сме сите машки исти, еве јас денес одам за Америка со брод, ако сакаш можеш да дојдеш со мене, не треба ништо да плаќаш. Ќе спиеш на креветот до мене во кабината и јас скришно ќе ти носам храна... Само вети ми, дека ќе останеш скриена во мојата кабина, зошто ако те дознае капетанот, и двајцата ќе настрадаме!
- Еве надеж за подобар живот! – си помисли плавушата.
И така, таа вечер скришно се качија на бродот. Првиот ден морнарот и донесе доручек во кабината и се врати на работа.
И донесе и ручек па пак се врати на работа.
Вечерта и донесе и вечера и мртов уморен од работа заспа на својот кревет. Истото беше и вториот, третиот и петиот ден.
На плавушата од ден на ден моранрот и стануваше сè помил и помил, па по една недела се заљуби во него. Една вечер кога тој влезе во кабината да и донесе јадење, таа го пољуби и завршија заедно во кревет...
И така некои два, три месеца, преку ден тој работеше, а таа благодарна и среќна ја чистеше неговата кабина. А секоја вечер креветот крцкаше од жестокиот секс.
Меѓутоа, едно попладне капетанот случајно се симна во кабината. Капетанот чудно ја погледна прекрасната плавуша и ја праша:
- Девојко, што правите вие на мојот брод?!
- Знаете капетане..., јас сакав да се самоубијам затоа што сите мажи сакаат само да ме е*ат, никој не сака да разговара со мене! Ме спаси вашиот млад морнар, ме земa на бродов до Америка со него. Ја ризикуваше својата работа за да ми помогне, предобар е со мене, цел ден вредно работи и ми носи храна. Секоја вечер нашите души и тела се спојуваат во едно. Различните расипници веќе не го искористуваат моето тело, повеќе никој, како што викате вие мажите не ме „е*е“.
Капетанот само мирно ја погледна и ладнокрвно и одговори:
- Те е*е тој тебе среќо, те е*е ....Зошто ова не е брод за Америка, туку траект Сплит – Брач!