Гледавме „Опуштено“, купувавме филмови од тезга - Работи што ги правевме пред 15 години, а сме ги заборавиле
За во автобус купувавме хартиени билети, гледавме филмови на DVD со сомнително потекло и постојано стававме нови статуси на Фејсбук. Се сеќавате ли што беше забавно во 2008 и 2009-та година, а сега не би ни помислиле да го правите?
Можеби ви се чини дека не поминало многу време, но ако се потсетиме на работите што ги правевме во 2008-ма и 2009-та година и ги споредиме со она што се случува денес, ќе сфатите дека работите во голема мера многу се промениле.
Во тој период технологијата сè уште не беше во толку голем подем, интернетот беше привилегија само за оние што имаа компјутер, а главна занимација во домот сè уште беше телевизорот и сериите што се емитуваа на ТВ каналите.
И, не, турските серии почнаа да се емитуваат подоцна, во 2010-та година.