Креативна Македонка секоја година прави совршени велигденски „направи сам“ декорации
Маја Гугоска советува како да направите украсни зајачиња: „Извртев коноп, го лепев со течен силикон и го декорирав по желба. Може да се користат и како подметнувачи за чаша“.
Маја Гугоска од Охрид е сопруга и мајка на две деца, но и огромен креативец, што секоја година го претвора својот дом во велигденска бајка.
Нејзините креативни „направи сам“ проекти се вистинска инспирација.
Само со коноп, слама, лепило и идеи од Pintereset, таа прави неверојатни дела.
Неколку велигденски идеи од Маја:
Велигденско венче
Од гранчиња оформив круг, го извртев со жица, коноп и слама. Потоа декорирав со пердуви и пластични јајца, тоа имав дома, а декорацијата може да биде кој како ќе си ја замисли.
Велигденски зајачиња
Обвиткав пластично црево со коноп и декорирав со работите кои ги најдов дома.
Велигденски морковчиња
Земав коноп, го завиткав во конус и го наполнив со слама.
Украсни зајачиња - подметнувачи за чаши
Извртев коноп, го лепев со течен силикон и го декорирав по желба.
Декорација на стакло
Цртав сама со перманентен фломастер и тоа совршено се вклопи во мојата велигденска приказна на тераса.