Кул техника за уникатни шарени јајца со шлаг пена – можат да ги направат и деца (видео)

Техниката за боење велигденски јајца која последниов период станува вирален хит, е онаа со шлаг пена и прехранбени бои – ќе ги имате најубавите јајца во кошничка, а може да ги направат и деца.

kul-tehnika-za-unikatni-shareni-jajca-so-shlag-pena-mozhat-da-gi-napravat-i-deca-video-01.jpg

На социјалните мрежи вирално се споделува техника за боење велигденски јајца со помош на шлаг пена и прехранбени бои, а со неа излегуваат навистина уникатни шари.

Ако сакате да направите повеќе шарени јајца одеднаш, тогаш вреди да ја пробате, а дури и најмалечките во семејството може да ви бидат помошници.

Бонус е тоа што се прави без вештачки бои, па јајцата се сосема безбедни за јадење.

Потребни состојки:

  • Ладна шлаг пена
  • Прехранбени бои
  • Длабок сад и шпатула

Постапка:

  • Истурете го шлагот во садот и распоредете го насекаде.
  • Капнувајте по една капка од секоја боја на повеќе места низ шлагот.
  • Со шпатула или чачкалица размачкајте ги боите - зависно боите и начинот на кој ќе ги разнесете, ефектот ќе биде различен.
  • Јајцата ставете ги во шлагот и изролајте дебел слој околу нив.
  • Оставете го садот со јајца да се излади во фрижидер барем 10-тина минути.
  • Извадете ги јајцата и измијте ги со вода од шлагот – ефектот ќе ве изненади (може прво да пробате со едно јајце).

kul-tehnika-za-unikatni-shareni-jajca-so-shlag-pena-mozhat-da-gi-napravat-i-deca-video-04_copy.jpg

Доколку сакате секое јајце да ви биде со различни бои, наместо еден сад, може да користите калапи за мафини и во секој калап да ставите различна боја, а јајцата да ги увалкувате посебно. 

kul-tehnika-za-unikatni-shareni-jajca-so-shlag-pena-mozhat-da-gi-napravat-i-deca-video-03.jpg

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by Maria Roberts (@mariaroberts)

Како може да изгледаат јајцата направени со ваква техника, зависно користените бои:

kul-tehnika-za-unikatni-shareni-jajca-so-shlag-pena-mozhat-da-gi-napravat-i-deca-video-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Минималистички тетоважи за родители - љубовта кон децата вечен цртеж на телото (фото) Ако сакате љубовта кон децата и семејството да ја врежете засекогаш на вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg