Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Aстролошки парови кои се идеални за заеднички патувања

Водолиите се со отворен ум, па од целиот зодијак, веројатно само тие би се адаптирале на авантуристичкиот дух на Стрелците.

6-astroloshki-parovi-koi-se-idealni-za-zaednichki-patuvanja-01.jpg

Ако сте биле на патување со повеќе луѓе, многу добро знаете дека не сите се компатибилни за да патуваат заедно.

Ова зависи од нивните карактери, желби и цели што ги имаат за патувањето.

А, бидејќи се верува дека карактерните особини потекнуваат од хороскопските знаци, можеби зодијакот ќе ви помогне да откриете кој знак е ваш совршен сопатник.

Кои астролошки парови се идеални за заеднички патувања?

Овен и Девица

Активните Овни сакаат постојано да се во движење кога одат на патување.

Ги истражуваат сите популарни атракции, но сакаат да ги видат и оние помалку познатите.

А, најсреќни се кога ќе откријат некоја дестинација или атракција што не им е позната на другите.

Девиците се одлични партнери за патување за Овните бидејќи однапред сакаат да направат план и желни се да ја научат целата историја на дестинацијата.

Тие не само што ќе им помогнат на Овните да видат сè што сакале, па и повеќе, туку и ќе уживаат во истражувањето на новите места.

Бик и Близнаци

Кога одат на патување, Биковите не се брзаат – сакаат да уживаат и си даваат време вистински да им се посветат на сите атракции.

Сакаат вистински да се релаксираат додека се на одмор и не се преоптоваруваат со тоа да видат баш сè.

За нив, совршен придружник на патувањето би биле Близнаците кои се љубопитни и поставуваат безброј прашања.

Можеби се малку подинамични од Биковите, но со своето знаење ќе им помогнат вистински да ги ценат местат што ги посетуваат, но и да научат нешто повеќе за нив.

6-astroloshki-parovi-koi-se-idealni-za-zaednichki-patuvanja-03.jpg

Рак и Вага

Не е лесно да ги натерате Раковите да ја напуштат својата зона на комфор.

Но, штом ќе отидат некаде, најинтересни им се локалците.

Сакаат да откриваат за туѓите култури, навики и обичаи и да прават споредби, па најголем дел од патувањата ги минуваат во дружба со тамошните жители.

Вагите се дружељубиви, па би биле идеални сопатници за Раковите кои понекогаш се срамежливи.

Ќе ги охрабрат да поставуваат прашања и да истражуваат за животот на луѓето и ќе ги натераат да излезат од сојата комфорна зона за вистински да уживаат и да се забавуваат.

Лав и Риби

Лавовите уживаат во луксуз и сакаат да одат на ексклузивни дестинации, каде што ќе го имаат најдоброто сместување.

Поважно им е да се изнауживаат, отколку да видат нешто ново.

За нив, одморот е период кога треба да се разгалат и да уживаат во доба храна, вино, па и некој музеј.

На Рибите не им пречи доминантната природа на Лавовите.

И, иако можеби се поавантуристички настроени од нив, Рибите и Лавовите заедно ќе уживаат во излегувањата по ресторани, музеи и галерии.

6-astroloshki-parovi-koi-se-idealni-za-zaednichki-patuvanja-02.jpg

Скорпија и Јарец

Мистериозните Скорпии сакаат да ги истражат сите тајни кога се на некоја дестинација.

Не ги интересира само она што е популарно кај туристите, туку ги привлекуваат и мистерии и заборавени приказни. Омилени им се местата со многу историја.

На Јарците воопшто не им е проблем да истражуваат помалку познати места, но се повнимателни од Скорпиите.

Па, со задоволство ќе ги придружуваат, но притоа и ќе внимаваат на нивната безбедност бидејќи Скорпиите како да забораваат на ова кога се фокусирани на своето истражување.

Стрелец и Водолија

Стрелците се полни со ентузијазам и се подготвени да тргнат на пат во секое време.

Не се плашат да преспијат и на некоја клупа ако тоа значи дека ќе имаат авантура.

Сакаат да истражуваат и воопшто не им е грижа какво ќе биде сместувањето или дали храната е добра.

Водолиите се со отворен ум, па секогаш прифаќаат нови идеи.

Што значи, од целиот зодијак, веројатно само тие би се адаптирале на начинот на којшто патуваат Стрелците.

Притоа, Стрелците ќе ги научат да бидат посамоуверени и ќе им ја разгорат желбата за авантура.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Совршени зимски дестинации низ Европа за секој хороскопски знак Овен – Лондон со својата дива енергија е нивниот духовен дом. Овен – Лондон с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg