Љубовен хороскоп за декември 2024: Девици - се наоѓате во голема емотивна криза

Водолија - Ако сте во врска, потрудете се да ги решите проблемите што можеби ги имате со партнерот, наместо само да пробувате да оставите впечаток на совршен пар во јавноста.

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2024-devici-se-naogjate-vo-golema-emotivna-kriza-01.jpg

Некои ќе ги кријат вистинските чувства, други ќе пробаат да скријат од партнерот дека некоја личност упорно им се додворува.

Декември 2024 е месец во кој на повеќето знаци нема да им цвета љубовта, а само малкумина ќе најдат хармонија и среќа покрај саканата личност.

Во која категорија сте вие?

Прочитајте го љубовниот хороскоп за декември 2024:

Овен

Ако сте во врска:

Партнерот очекува слепо да го следите, но вие не сте расположени да го прифатите секој негов предлог.

Тоа може да доведе до проблеми во врската, па некои Овни ќе решат дури и да ја раскинат.

Од друга страна, може да имате проблеми со партнерот, ако дознае дека ви се додворува некоја личност, а вие тоа пробувате да го скриете од него.

Ако сте сингл:

Поминувате низ различни фази на емотивно расположение, а внатрешниот нагон ве тера да користите различни љубовни тактики за да стигнете до личноста што ја посакувате.

Но, поради лоши искуства од минатото, ќе бидете внимателни, зашто не сакате да се разочарате.

Побарајте совет од пријателите ако не сте сигурни во себе, бидејќи преголемата занесеност по некого може да направи да донесете погрешна одлука.

Бик

Ако сте во врска:

Партнерот ќе бара да направите некаква отстапка за да остане во вашиот живот, но од вас зависи дали сте подготвени за таква жртва.

Ако сте на почеток на врската, поминувајте повеќе време со партнерот и дајте си можност за подобро да се запознаете.

Ќе уживате во времето поминато со саканата личност и ќе сфатите колку сте среќни што е дел од вашиот живот.

Ако сте сингл:

Водите динамичен живот, постојано сте на настани, комуницирате со уметници и познати личности и тоа толку многу ве исполнува, што не размислувате за врска.

Но, кон средината на овој месец, преку работата, можно е да запознаете личност која ќе ве натера да размислите дали треба да останете сингл или да почнете врска.

Уживајте во флертувањето и оставете работите да се движат сами по себе, без да ги форсирате.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ова е месец во кој се можни многу несогласувања и караници со партнерот.

Во еден момент ќе почнете да се преиспитувате дали треба да останете заедно, особено ако сте во брак и имате деца.

Потрудете се да ги решите несогласувањата и наместо да се расправате во секоја можна ситуација, кажете му на партнерот дека сакате да разговарате отворено за работите што ве мачат.

Ако сте сингл:

Чувствувате внатрешен немир и потреба да имате покрај себе личност со која ќе се галите и ќе разменувате бакнежи.

За жал, овој месец не ве очекуваат големи промени на љубовен план, па можно е да останете сингл и покрај вашата голема желба за љубов.

Не грижете се, работите ќе се сменат наскоро, на подобро.

Рак

Ако сте во врска:

Овој месец ќе има денови кога ќе ви се чини дека партнерот е емотивно воздржан, студен и дека не ви ја дава љубовта што ја посакувате.

Поради ова може да почнете да ја преиспитувате вашата врска, но ќе сфатите дека тоа е само фаза низ која минува и дека не треба да ги преувеличувате работите.

Сепак, ако саканата личност почне сама да носи одлуки за заедничките планови, не се плашете да кажете дека тоа не ви се допаѓа.

Ако сте сингл:

И понатаму не размислувате да се впуштите во сериозна врска, но немате ништо против повремените љубовни средби без обврски.

Ова ви дава доволно време за себе, а истовремено и можност да „ја контролирате“ ситуацијата со личноста со која се гледате и „играте“ по свои правила.

Сепак, пред крајот на месецот е можно да запознаете личност која ќе ве привлече толку многу, што ќе посакате да е постојано покрај вас.

Лав

Ако сте во врска:

Доколку личноста со која сте во врска или брак е доминантна, иако сте Лав, на моменти ќе направи да се почувствувате дека сте „мали и неважни“.

Ова чувство нема да ви се допадне, па во желбата двајцата да бидете „во право“, може да почнете караници кои ќе доведат до поголеми проблеми.

Понекогаш е добро да направите компромис, не само поради себе, туку и поради партнерот.

Ако сте сингл:

Се обидувате да ја заборавите личноста со која до неодамна бевте во врска, но и сите работи кои направија да се чувствувате лошо.

Од оваа апатија може да ве извлече личност која ќе ја запознаете онлајн и која секојдневно ќе ви посветува внимание.

Колку и да ви се допаѓаат слатките зборови што ќе ги слушате, прифатете ги со доза на резерва, барем додека не се сретнете во живо.

Девица

Ако сте во врска:

Се наоѓате во емотивна криза и сакате да му кажете на партнерот што ве мачи, но не сте сигурни како ќе ве сфати.

Овој месец е можно да се карате со партнерот и за пари, па на површина да се појават и некои проблеми од минатото на кои сте заборавиле.

Девиците во брак, кон крајот на месецот ќе имаат хармонични денови со саканата личност, исполнети со љубов.

Ако сте сингл:

Тоа што немате сакана личност покрај себе со која ќе ги поминете празниците, не треба да ве обесхрабри.

Емотивно ве исполнуваат дружењата со блиските личности, но само понекогаш, кога ќе останете сами, си признавате дека би било убаво да сте во врска.

Ова може да се исполни во втората половина на декември, а некои Девици да запознаат нова, интересна личност на некоја предновогодишна забава.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg