Љубовен хороскоп за декември 2024: Девици - се наоѓате во голема емотивна криза

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2024-devici-se-naogjate-vo-golema-emotivna-kriza-03.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Вагите кои се во подолга врска ќе почнат да размислуваат за брак и тоа ќе му го кажат на партнерот.

Кај некои ова може да доведе до следниот чекор - заеднички живот, планирање потомство, додека кај други ќе ја разниша врската, особено ако партнерот не е подготвен за толку сериозен чекор.

Што и да се случи, барем ќе знаете на што сте и дали треба да се трудите.

Ако сте сингл:

Барате начин да запознаете личност која одамна ви се допаѓа, но ви делува дека е недостапна.

Ако сте упорни, некој близок може да ви помогне конечно да се сретнете со неа.

Сепак, постои голема веројатност да се разочарате, бидејќи очекувањата што ги имате се различни од реалноста.

Скорпија

Ако сте во врска:

Вашата врска овој месец ќе биде ставена на тест, бидејќи кариерата ќе ви биде пред саканата личност.

Ако не сакате да ја изгубите, направете баланс, одвојте време и за партнерот и за работата.

Скорпиите во брак ќе имаат несогласувања околу пари со брачниот партнер на почетокот на месецот, но ќе ги надминат брзо.

Ако сте сингл:

Кон крајот на месецот ќе прифатите нечие додворување и ќе одговорите на неговите љубовни сигнали.

Сепак, осигурете се дека личноста е сингл и дека нема да бидете „трето тркало“ во нечија љубовна приказна.

Некои Скорпии е можно да запознаат потенцијален партнер во парк или маркет, слично како во филмовите.

Стрелец

Ако сте во врска:

Во текот на месецот може да ви се појави некоја личност од минатото, но најдобро е да ја прекинете комуникацијата пред вашиот партнер да дознае за тоа.

Ако му верувате безрезервно на партнерот, тогаш можете да му кажете што се случува, за да биде сигурен дека не помислувате да го изневерите.

Неговата реакција може да биде импулсивна, но не дозволувајте тоа да ви ја уништи врската или бракот.

Ако сте сингл:

Некоја од личностите што ќе ги запознаете периодов, на некоја предновогодишна забава, може да покаже голем интерес за вас.

Вие треба да решите дали ќе сакате да се впуштите во флерт и во потенцијална врска.

Некои Стрелци сепак ќе решат да останат сами и ќе одбијат покана за љубовен состанок.

Јарец

Ако сте во врска:

Имате големи очекувања од партнерот, иако можеби не го добивате сето она што го посакувате.

Но, кон средината на месецот ќе се најдете на иста бранова должина, а некои Јарци ќе ја почнат и темата за деца и потомство.

Во текот на целиот месец ќе доживеете многу романтични моменти кои ќе ве расположат.

Ако сте сингл:

Можни се мали романтични моменти за какви што сонувате, но ништо од тоа нема да се претвори во сериозна врска или почеток на нова љубов.

Некои слободни Јарци ќе имаат средба со личност со која комуницираат преку интернет, но можно е да се разочараат.

Вашиот темперамент и „брз јазик“ може да ве доведат во непријатна ситуација со некоја личност што ви се допаѓа.

Водолија

Ако сте во врска:

Љубовниот живот ви е солиден, но вие како да немате доволно време за партнерот, па чувствувате грижа на совест.

Ќе имате и чести промени на расположението, а вашата сакана личност нема да знае како да се справи со вашето ладно-топло однесување.

Потрудете се да ги решите проблемите што можеби ги имате со партнерот, а не само да пробувате да оставите впечаток на совршен пар во јавноста.

Ако сте сингл:

Овој месец ве очекуваат интересни љубовни средби и нови љубовни авантури.

Но, сето тоа ќе биде кратко и минливо, што е во ред ако и понатаму не сте заинтересирани за сериозна врска.

Некои Водолии е можно да запознаат личност преку работа која ќе ги привлече, но внимателно - можно е таа личност да не е сингл (а да го крие тоа).

Риби

Ако сте во врска:

Ова е месец во кој целосно ќе се посветите на партнерот и на градењето заеднички живот.

Работите ќе ви одат од рака, ќе бидете среќни, заљубени, полни со ентузијазам, баш како на почетокот на врската.

Сепак, внимавајте со своето однесување да не почнете да ја „гушите“ саканата личност.

Ако сте сингл:

Овој месец е можно да запознаете личност која често патува или е дел од јавниот живот, па повремените средби со неа да ви бидат доволни за забава.

Ќе сакате да излегувате, да се дружите, да поминувате време со пријателите, тоа ќе ве исполнува целосно.

Ако сепак сакате да почнете врска со некој, ќе мора да почекате до следната година, кога ѕвездите ќе ви бидат понаклонети.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg