4-те најљубоморни хороскопски знаци

Додека Скорпиите се љубоморни во врските, Девиците повеќе им љубоморат на луѓето кои се поуспешни од нив.

4-te-najljubomorni-horoskopski-znaci-01.jpg

Некои луѓе се посесивни во врските и ова може да ги направи љубоморни.

Други, пак, завидуваат на туѓиот успех и им љубоморат на луѓето на кои им оди добро во животот.

А, врз сето ова, влијание може да има и астрологијата.

Па, кои се најљубоморните знаци во зодијакот?

Скорпија

Скорпиите се како олицетворение на љубомората.

Кон саканата личност се целосно посветен и лојални, но ако таа спомне некој бивш партнер, можат да експлодираат.

На секоја закана за врската со саканата личност реагираат мошне бурно и ја покажуваат својата мрачна страна.

Тие можат да бидат манипулативни и посесивни додека пробуваат да го добијат она што сакаат.

Ако, пак, не го добиваат тоа што го сакаат, почнуваат да играат игри, само за да ја задржат контролата.

Тешко е да се стекне довербата на Скорпија и ако престанат да веруваат некому, го напуштаат без објаснување.

Девица

Девиците се многу самокритични, постојано пробуваат да се подобрат и да ги исполнат високите стандарди што самите си ги поставуваат.

Па, кога ќе видат дека некој го постигнал тоа што го сакаат, почнуваат да чувствуваат презир.

Потајно, нивниот најголем страв е дека некој пријател или колега ќе биде подобар од нив, а ова ги прави гневни.

Девиците имаат „остар јазик“, па знаат да бидат и сурови кон луѓето на кои им љубоморат.

Кога станува збор за врски, љубомората не им е толку изразена и доколку не му веруваат на партнерот, нема ни да ја продолжат врската со него.

4-te-najljubomorni-horoskopski-znaci-02.jpg

Бик

Биковите сакаат луксуз и раскош, па најмногу им љубоморат на луѓето кои го имаат она што го немаат тие.

Можат дури и да направат овие луѓе да се чувствуваат непријатно бидејќи им оди добро во животот.

Исто така, Биковите можат да бидат и мошне посесивни во врските.

Имаат проблеми со довербата и постојано стравуваат дека ќе го изгубат партнерот.

Штом ќе се случи нешто што ќе ја разниша стабилноста во врската, почнуваат да љубоморат на секој кој ќе стапи во контакт со нивниот партнер.

Некогаш, пак, можат да му љубоморат и на партнерот ако им се чини дека е поуспешен од нив

Јарец

Јарците се мошне амбициозни личности и чувствуваат љубомора кон секој што го гледаат како ривал, без разлика дали на професионален или приватен план.

Себеси се сметаат за најдобри, па кога ќе помислат дека можат да бидат заменети, самодовербата им исчезнува и се јавува љубомора.

Однадвор можеби изгледаат како сурови и ладнокрвни личности, но всушност нив им се потребни љубов и внимание.

Добро е што кога се љубоморни, обично се отворени за своите чувства.

Разговараат за нив и пробуваат да најдат решение, наместо да пробаат да играат игри.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Една ваша особина поради која луѓето се опседнуваат со вас, според хороскопот Девиците се многу трпеливи - можат да седат, молчат и да слушаат со часови додек...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg