Единствениот начин на кој секој хороскопски знак прифаќа раскинување на врска
Близнаци - Близнаците се одлични дипломати, па ќе пробаат да преговараат со вас кога ќе им раскинувате за да ве убедат да не ги оставите.
Сите барем еднаш поминале низ болно раскинување, по кое им требало време да ѝ дадат повторно шанса на љубовта.
А секако, сите хороскопски знаци реагираат различно на крајот на врската.
Но, ако не знаете како да ставите крај, а притоа да не го повредите (премногу) партнерот, астролозите велат дека знаат како треба да му раскинете на секој хороскопски знак.
Како секој хороскопски знак прифаќа раскинување?
Овен
Овните сакаат да чујат што имате да им кажете и да си тргнат по својот пат.
Тие не сакаат да слушаат долги говори, обемни објаснувања и изговори. Затоа не барајте оправдување, туку само кажете им дека не сакате веќе да сте заедно.
Бик
Биковите сакаат да сте фер кога им раскинувате, но не и да ги оставите без збор.
Ако им кажете дека прекинувате, нема да ве мразат или да ви се лутат, ниту ќе прават драма од тоа. Ако ве снема без објаснување, ќе ве замразат.
Близнаци
Близнаците се одлични дипломати, па ќе пробаат да преговараат со вас кога ќе им раскинувате за да ве убедат да не ги оставите.
Но, ако сте решени да ја прекинете врската, имајте цврсти аргументи или едноставно, кажете им и заминете си, без да им дадете шанса да ве вовлечат во своите тактички игри.
Рак
Раковите најмногу страдаат по раскинувањето, па подгответе се за многу солзи кога ги оставате.
Не паѓајте на нивните солзи, туку кажете им дека нема назад и заминете си, бидејќи ако не отидете веднаш, долго време ќе бидете „заглавени“ во нивниот свет.
Лав
За да им раскинете на Лавовите ќе ви треба многу храброст (и можеби една чашка алкохол), бидејќи, ако не сакаат да бидат оставени, ќе станат бесни.
А тогаш почнуваат да се расправаат, да викаат, стануваат гласни. Најдобро е да бидете директни и искрени.
Девица
Девицата може да биде многу шокирана што ја оставате и да не ја прифати лесно целата ситуација.
Кога им раскинувате, кажете им што ви се допаѓало кај нив додека сте биле заедно, но и дека мора да продолжите понатаму, секој по својот пат.