Единствениот начин на кој секој хороскопски знак прифаќа раскинување на врска
Вага
Кога раскинувате со Вага, бидете рационални. Тие сакаат да слушнат што довело до раскинувањето, што ви пречи кај нив, дали е нивна грешка што работите не функционираат.
Ако бидете фер и искрени, можно е да останете пријатели.
Скорпија
Кога им раскинувате на Скорпиите, бидете искрени - тие ќе ги прочитаат вашите лаги ако пробате да ги манипулирате.
И, најважно - ако сте решиле да раскинете со нив, не дозволувајте да ве манипулираат со секс.
Стрелец
Со Јарците е најдобро да раскинете на отворено за да ја избегнете непотребната драма која може да ја направат.
Но, ако сте искрени со нив и се разделите пријателски, тогаш може да останете пријатели и во иднина, а тие секогаш ќе ви посакуваат среќа во животот.
Јарец
Јарците ќе пробаат да ви се спротивстават кога ќе пробате да им раскинете и нема да ви дозволат да ги оставите тукутака.
Објаснете им дека тоа не е ништо лично, туку дека, едноставно, веќе не сте среќни во врската (или имате некоја друга причина).
Водолија
Водолиите ќе бараат конкретна причина за раскинувањето и нема да прифатат ако само има кажете дека „работите меѓу вас веќе не одат“.
Тие мора да разберат зошто веќе не сакате да сте заедно, па затоа е најдобро да имате однапред подготвен одговор.
Риби
Кога им раскинувате на Рибите, имајте ја предвид нивната емпатија и како се чувствуваат, па затоа разговарајте отворено за своите чувства и зошто треба да се разделите.
Ако расчистите сè во моментот кога раскинувате, нема да ви се јавуваат во следните денови и да ви плачат.
А. Ј. | Црнобело