Импресии од Златна Бубамара - Сашко Коцев рипна во тавче
Уште еднаш докажаа зошто Златна Бубамара е манифестацијата која се чека цела година. Уште еднаш бевме сведоци на манифестацијата на која:
- Секогаш се бара карта повеќе
- Се смеат од најмлади до најстари
- Ужива и позицијата и опозицијата во шегите на своја сметка
- Годинава немаше игла каде да се фрли, се чека денот кога ќе дозволат седење на бината и евентуално посматрање од фамозните лустери или што и да се оние на таванот на Универзална Сала
- Сашко Коцев редовно докажува дека е човекот кој умее да направи да заборавите на сите проблеми...
Златна Бубамара на популарноста е незаменлива, и веруваме дека ќе остане така.
Годинава надополнета со уште еден романтичен момент – Сашко Коцев во стилот на Аладин со помош на Каролина Гочева ја запроси својата девојка.
Успеавме од далеку да фатиме дел од овој момент па можете да ѕирнете на фотките.
А, дали ова ќе биде песната на која ќе го одиграат свадбениот валцер останува да видиме
Ние навистина уживавме вечерва и си заминавме насмеани.