Инфлуенсерката Ксенија Деспотоска: „Поради бременоста, венчаницата ја шиев една недела пред свадба“

„За долгата венчаница од прв ден знаев дека сакам ваков фустан и мислам дека може да го носи моето име од што е толку јас“, вели Ксенија Деспотоска.

influenserkata-ksenija-despotoska-poradi-bremenosta-venchanicata-ja-shiev-edna-nedela-pred-svadba-01.jpg

Македонската инфлуенсерка Ксенија Деспотоска неодамна (09.11) направи свадба, а за посебниот ден, Ксенија избра бела венчаница со долги ракави, украсена со везови, како и долг вел.

influenserkata-ksenija-despotoska-poradi-bremenosta-venchanicata-ja-shiev-edna-nedela-pred-svadba-06.jpg

Покрај неа, таа облече и кратко бело фустанче во текот на вечерта.

Ксенија на нејзиниот Инстаграм профил откри детали за нејзините венчаници:

„Носев два фустани, а за долгата венчаница од прв ден знаев дека сакам ваков невестински фустан и мислам дека може да го носи моето име од што е толку јас.

influenserkata-ksenija-despotoska-poradi-bremenosta-venchanicata-ja-shiev-edna-nedela-pred-svadba-07.jpg

Поради фактот што сум бремена, го шиевме една недела пред свадба, за да нема утка. Буквално за два дена беше готов.

Материјалот го избравме месец и пол/два пред свадбата, а другото трпеливо чекавме за да нема утка со стомачето.

influenserkata-ksenija-despotoska-poradi-bremenosta-venchanicata-ja-shiev-edna-nedela-pred-svadba-09.jpg

За вториот фустан важно ми беше само да е комотен и да можам да играм на раат. Гледав да ми е практично поради мојата состојба и не сакав да се стегам.

И навистина мислам дека направив добар избор“.

influenserkata-ksenija-despotoska-poradi-bremenosta-venchanicata-ja-shiev-edna-nedela-pred-svadba-05_copy.jpg

Повеќе фотографии од невестинскиот изглед на Ксенија на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ксенија Николова: „Еден месец ќе живеам во француско селце како од сказна, на 1 час со воз од Париз“ „Сместена сум во типично француско мало апартманче, сѐ е во францускиот дух, лок...
Ксенија Николова: „Позната ми е голготата наречена ин витро оплодување, браво за мајката-херој (61) ... „Верувајте, ин витрото, особено она што е неуспешно по не знам кој пат, преку но...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Едина Муса вежба со тежина: „Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест“ Едина Муса и во 21-та недела од бременоста не сопира со тренинзите со тежина.&nb...
Марија од Скопје со исповед што освестува: „Насобраниот стрес ми резултираше со Хашимото тироидитис“ „Изминатава година беше чудно турбулентна. Имаше многу неубави вести. Доживеав и...
Се омажи инфлуенсерката Ксенија Деспотоска – во бела венчаница со везови му кажа „да“ на саканиот (ф... Во бела венчаница со везови и елегантна пунџа, инфлуенсерката Ксенија Деспотоска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg