Инфлуенсерката Ксенија Деспотоска стана мајка - Си дојде дома со бебето, објави први фотки од ќерката Надја
- Детали
- четврток, 06 март 2025
Модната инфлуенсерка Ксенија Деспотоска, која неодамна ја роди ќерката Надја, објави први фотки од бебето.
Нашата модна инфлуенсерка Ксенија Деспотоска на 24 февруари стана мајка.
Таа на свет донесе женско бебе, на кое со сопругот ѝ го дадоа името Надја.
Ксенија се породи во Државна болница во Скопје, на ГАК.
Неколку дена по породувањето, таа и нејзината ќерка си дојдоа дома, а Ксенија ја објави првата фотка од ќеркичката на Инстаграм Стори - малата Надја спие мирно во прегратките на својата мајка.
„Добредојде на овој свет, бебе Надја“ - напиша Ксенија.
Таа на својот профил на Инстаграм сподели и фотографија од земањето на бебето од болница, на која е со сопругот.
Меѓу фотките има и слики од ноџето на бебето со порака „Здраво свету“, но и од декорациите, балоните и картичките од забавата со мекици за раѓањето на Надја.
Таа сподели и видео направено пред раѓањето на бебето, од моментите додека ја подготвувала детската соба и облеката.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





