Гозба
Term | Main definition |
---|---|
Гозба | Ако одите на гозба тоа значи дека ве очекува голема радост, а ако видите гозба тоа означува минливи грижи, патување. Што значи да сонувате гозба?Ако сонувате гозбаАко во вашиот сон видите гозба, тоа симболизира патување. Можеби ќе заминете некаде на гости кај роднини или пријатели кои живеат во друг град или држава. Ќе ви годи убавата промена на средината, а особено поради фактот дека ќе си ги видите луѓето кои ви се драги. Ова ќе го сметате за одмор кој ќе претставува комбинација од опуштање и прошетка на интересни дестинации. Ако сонувате дека сте на гозбаКога сонувате дека сте на гозба, тоа укажува на фактот дека ќе доживеете голема радост. Веројатно ќе прославите некаков успех којшто сте го постигнале на деловен или пак на емотивен план. Ќе посакате да ја поделите вашата среќа со другите кои ви помогнале да ја постигнете, но и со оние кои ви поставувале сопки, бидејќи на тој начин сте наоѓале дополнителна мотивација и црпеле сила за да докажете дека можете да постигнете сè она што сте го замислиле. Ако сонувате дека подготвувате гозбаАко сонувате дека подготвувате гозба тоа имплицира дека имате премногу обврски. За вас може да се каже дека сте алфа и омега во секоја активност во којашто учествувате. На луѓето им влевате доверба и тие од вас бараат совет и ви овозможуваат да бидете одговорни на работа и дома. Колку и да би било напорно, навикнати сте на таа улога, па дополнително вршите проверки на нешта кои не се во ваша надлежност. Ако сонувате дека никој не ви дошол на гозбаАко сонувате дека никој не ви дошол на гозба тоа значи дека ќе се разочарате од своите идоли. Личноста која многу ја почитувате и сакате ќе си го покаже своето друго лице и тоа воопшто нема да ви се допадне. Ќе дојдете до заклучокот дека сето ова време сте создавале и граделе погрешна слика за него/нејзе, па неговото/нејзиното однесување првин ќе ве изненади, а потоа и ќе ве навреди. Ова ќе ви биде поука повеќе да не им верувате на луѓето, туку само на себе. Ако сонувате дека некој ви ја расипал гозбатаВаквиот сон симболизира неочекувани проблеми. Веројатно ќе се соочите со многубројни пречки и ќе ви треба многу време и труд да ги надминете или заобиколите. Не смеете да дозволите тоа да ве деморализира, па да помислите дека реализацијата на вашите планови е невозможна. Гледајте го тоа само како едно искуство кое ќе ве научи на нешто, а не како на неуспех поради кој ќе морате да се откажете од нешто. Ако сонувате дека сте повикани на гозбаАко сонувате дека некој ве поканил на гозба тоа значи дека ќе ви биде укажана огромна чест. Конечно ќе добиете потврда за вашиот труд, работа и залагање. Можеби ќе ви биде покачена платата или ќе бидете унапредени, а можно е и од својата средина да бидете наградени поради сите добри дела што сте ги направиле. Сигурно ќе ве изненади количината на внимание и почитта која луѓето ви ја покажуваат, бидејќи ништо не работите со таква цел. Ако сонувате дека се чувствувате добро на гозбаДоколку сонувате дека уживате на гозба и дека добро се забавувате веројатно сте дозволиле пороците или лошите животни навики да ви го загрозат здравјето. Треба да го промените начинот на исхраната и да издвоите време за физичка активност за да не почнете да забележувате сериозни последици. Ако сонувате дека се чувствувате лошо на гозбаВаквите соништа ги сонуваат луѓе кои на јаве се откажуваат од нешто што им причинува задоволство. Ако сонувате дека се чувствувате лошо во текот на некоја гозба тоа обично значи дека тешко ви паѓа новиот режим на исхрана или одвикнување од некој порок, па тоа од јаве се пренело на сон. Друго значење е дека нешто ви е ускратено, па поради тоа сте нерасположени или бесни. Ако сонувате дека сте гладни на гозбаДоколку сонувате дека сте гладни на некоја гозба на која нема доволно храна или ја нема онаа храна која вие ја сакате, па поради тоа сте останале гладни, тоа значи дека би требале повеќе да се заложите за себеси. Сте дозволиле луѓето преку вашиот грб да ги постигнуваат своите цели. Време е малку да почнете да мислите и на себе и конечно да преземете нешто за својата иднина. Ако сонувате дека сте направиле скандал на некоја гозбаСонот во којшто со некого сте се скарале или степале во текот на гозба симболизира грешка која сте ја направиле поради невнимание. Можеби ќе се вовлечете во лукративна или нелегална зделка поради која ви се заканува голема опасност. Не е исклучено ниту дека другите ќе ве наговорат да вложите пари во нешто ризично и потполно неисплатливо. Немојте да потпишувате никакви договори додека не ја проучите внимателно секоја можна ставка која се наоѓа внатре во самиот договор. Ако сонувате дека сте задоцниле на гозбаАко во вашиот сон некој ве покани на гозба тоа имплицира дека нема да стигнете да уживате со пријателите и со семејството. Поради работа веројатно ќе морате да пропуштите прослава на која многу сте се радувале. Не е исклучено ниту дека ќе бидете присилени да го откажете патувањето за коешто долго време сте си мечтаеле. Ако сонувате свадбена гозбаКога млада жена сонува свадбена гозба големи се шансите дека во блиска иднина навистина ќе ја приготвува. Доколку, пак, постара личност сонува свадбена гозба тоа укажува на вонредни трошоци. Можеби ќе бидете присилени да платите данок кој долго време го одложувате, да вложите во поправка или замена на автомобил или некој апарат од домаќинството. Тоа тешко ќе ви падне бидејќи ваквите издатоци не сте ги планирале во месечниот буџет. Најлошата опција е што ќе мора да се задолжите кај некого или во банка. Обидете се да ги намалите трошоците за да можете да ги сервисирате вонредните трошоци. Ако сонувате богата гозбаСонот во којшто гледате богата гозба со обилна храна, пијалаци и разни слатки тоа укажува на постигнување на материјална сигурност. Ваквите соништа најчесто се јавуваат после период на борба, финансиски проблеми или некои долгорочни кризи. Ако сонувате сиромашна гозбаСиромашна гозба симболизира економичност. Вие сте личност која никогаш не се расфрла со пари и која секогаш знае како да располага со она што го има. Никогаш не останувате без пари бидејќи сте се навикнале да бидете штедливи. Не гледате никаква рационална причина за купување луксузна облека, автомобили или претерано скапа храна, бидејќи тоа не ви донесува никакво задоволство. Претпочитате да ги вложите сите тие парични средства во патувања на кои ќе можете да научите нешто ново. Ако сонувате гозба на отвореноАко во вашиот сон видите или пак присуствувате на гозба која се одвива на отворено тоа значи дека ќе запознаете некого кој ќе ве воодушеви со своето размислување, ставови и идеи. Ќе посакате повеќе време да поминете заедно затоа што ќе сметате дека тоа позитивно влијае врз вас. Поради него ќе си ги проширите своите видици и ќе почнете да верувате во остварување на сопствените соништа. Ако станува збор за личност од спротивниот пол не е исклучено ниту дека ќе се заљубите. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте приготвувале или сте биле на гозба, тоа сигурно ви оставило впечаток врз вашата потсвест. Дефиниција за гозбаГозба е свечен ручек или вечера приредена во чест на некој човек или настан. |