Дали се сеќавате на метросексуалците, дефинирани од Марк Симпсон, во 1994 година? Да се потсетиме, се работи за мажи кои се грижат за својот изглед, речиси, колку и жените. Метросексуалците не се дефинирани според нивната сексуална определба, која е сосема неважна, ги поврзува само истиот тренд и стил. Дејвид Бекам е симбол на метросексуалците, а веројатно е и најпознатиот метросексуалец. Во општество кое стана опседнато со спорт, порнографија и самољубие, спорносексуалноста е еден логичен производ. За што точно станува збор?