Видео што ги згрози сите: Татко му удира шлаканица на бебето бидејќи не може да стои
- Детали
- понеделник, 23 септември 2019
За жал, секојдневно сме сведоци на недоличното однесување на луѓето, кое понекогаш е и злобно.
Пред некој ден, на социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа татко кој безмилосно ја удира својата мала ќерка.
Видеото, се разбира, разгневи многумина, а голем број славни личности и инфлуенсери го споделија видеото со барање да се најде мажот.
Видеото беше споделено од Надин Нјеим, позната актерка од Либан. Во нејзината објава, таа се извинува што објавува видео со таква содржина, но смета дека сите треба да знаат за злоделата на овој маж и да го заштитат малото девојче.
https://www.facebook.com/gulftoday/videos/1399920083495723/
Како што се ширеше видеото, се зголемуваа и барањата властите да направат нешто во врска со мажот.
Наскоро мажот бил идентификуван како Палестинец, кој живее во Саудиска Арабија. Наводно, неговите колеги го знаеле како чудна личност, која не зборува со никого. Мажот имал четири деца.
Министерот за работа и социјален развој на Саудиска Арабија, Калед Аба Каил на својот Twitter профил објавил:
„Центарот за пријавување насилство го бара мажот кој се гледа дека малтретира дете. Колегите соработуваат со соодветните власти и се обидуваат да го најдат мажот. Мажот ќе ја добие заслужената казна.“
После неколку часа од објавувањето на видеото, мажот се појавил во видео во кое го оправдува своето однесување.
Тој изјавил дека сакал да ја научи ќерка си да оди со тепање, а додал и дека видеото е старо. Наводно, неговата сопруга го напуштила пред две недели, па го објавила видеото за да му се одмазди. На видеото се гледа дека девојчето сега е постаро.
„Се грижев за моите деца изминативе две недели. Сега не се малтретирани. Сите се во ред. Тоа е старо видео и го молев Бог за прошка. Видеото е направено кога имав психолошки проблеми.“
Но, изјавата на мажот уште толку ја разгневи јавноста. Голем дел од коментарите биле дека ако имал психолошки проблеми, тогаш би требало да биде сместен во институција.
Вчера наутро, полицијата од Саудиска Арабија ги споделила вестите дека мажот бил уапсен, а децата му биле одземени.
Спирова С. | Црнобело