Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми гола“

„Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја парадира ќерка му како разголена проститутка“ – пишуваат светските медиуми. Според нив, ако се земе предвид криминалното минато на нејзиниот татко, не може да се знае како ќе протече средбата со зетот.

tatkoto-na-bjanka-sensori-koj-bil-del-od-kartel-samo-sakam-da-go-prasham-zoshto-ja-sheta-kjerka-mi-gola-01.jpg

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори продолжуваат да привлекуваат внимание со нејзините разголени појавувања, а според дел од странските медиуми, на таткото на австралиската архитетка воопшто не му се допаѓа тоа што ќерка му се продава како „ѓубре“.

Пред неколку дена, Бјанка беше фотографирана на вечера со сопругот во Париз, каде се појави само во проѕирни хулахопки и без долна облека, заради што би можела дури да заврши и во затвор или да плати висока казна, ако се земат предвид законите за непристојност во Франција.

tatkoto-na-bjanka-sensori-koj-bil-del-od-kartel-samo-sakam-da-go-prasham-zoshto-ja-sheta-kjerka-mi-gola-04.jpg

Daily Mail, повикувајќи се на извори блиски до семејството на Бјанка, пишува дека тие се чувствуваат повредено додека ја гледаат како парадира како „разголен трофеј“, па дури и се прашуваат дали контроверзниот рапер би дозволил неговите ќерки Норт и Чикаго да се шетаат во истата облека.

„Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја парадира Бјанка како разголена проститутка, која е негов трофеј“ – велат извори блиски до семејството на Бјанка, чијшто татко е брат на озлогласениот убиец во Австралија Ерис Сенсори, кој во еден период бил нарекуван „Ал Капоне од Мелбурн“.

tatkoto-na-bjanka-sensori-koj-bil-del-od-kartel-samo-sakam-da-go-prasham-zoshto-ja-sheta-kjerka-mi-gola-02.jpg

Ерис бил осуден на смртна казна во 1984-та година за убиство, но подоцна неговата казна била променета во доживотен затвор.

Таткото на Бјанка, Елиа, односно Лео Сенсори, неколку години поминал во затвор откако во 1982-ра бил осуден за трговија со недозволени супстанци.

tatkoto-na-bjanka-sensori-koj-bil-del-od-kartel-samo-sakam-da-go-prasham-zoshto-ja-sheta-kjerka-mi-gola-03.jpg

Освен за продажба на дрога, Лео бил осуден и за поседување оружје, а се верува дека бил дел од картел кој го контролирал нелегалното коцкање низ Сиднеј.

Се верува дека првично Лео бил задоволен од Канје како зет, затоа што сметал дека контроверзниот рапер во прв план ја става безбедноста на сопругата, но по скандалозните појавувања на Бјанка во јавност, озлогласениот гангстер наводно е гневен.

„Тој сака да го праша Канје што би направил ако неговите ќерки Норт или Чикаго се шетаат во јавност полуголи, во аутфити избрани од нивните сопрузи.

Тој знае дека нема шанси Канје да им дозволи на ќерките да се облекуваат така, па не му е јасно зошто ѝ го прави тоа на сопругата“ – пишува Daily Mail.

tatkoto-na-bjanka-sensori-koj-bil-del-od-kartel-samo-sakam-da-go-prasham-zoshto-ja-sheta-kjerka-mi-gola-07.jpg

Освен тоа што ја парадира полугола, познато е дека Канје не ѝ дозволува на сопругата да зборува во јавност, а истовремено ја оддалечил и од нејзиното семејство.

tatkoto-na-bjanka-sensori-koj-bil-del-od-kartel-samo-sakam-da-go-prasham-zoshto-ja-sheta-kjerka-mi-gola-05.jpg

Ако се земе предвид проблематичното минато на таткото на Бјанка, не може да се знае каков би бил исходот на нивната следна средба, иако според блиските извори, Лео сака само да разговара со зетот.

Прочитајте и Мрачното потекло на Бјанка, сопругата на Канје: Татко ѝ бил во затвор, чичко ѝ бил озлогласен гангстер и убиец

tatkoto-na-bjanka-sensori-koj-bil-del-od-kartel-samo-sakam-da-go-prasham-zoshto-ja-sheta-kjerka-mi-gola-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg