Втора година по ред - Животот во Виена официјално е најдобар

Веќе втора година по ред, Виена е прогласена за најдобриот град за живеење. Главниот град на Австрија ги доби речиси сите поени во истражување што опфаќа 140 градови од целиот свет. Во анкетата градовите биле оценувани според нивната стабилност, здравството, културата, околината, образованието и инфраструктурата.

viena-proglasena-za-najdobriot-grad-za-zhiveenje-vtora-godina-po-red-01.jpg

На второто место се наоѓа Мелбурн, а ниту Лондон ниту Њујорк не успеале да се најдат помеѓу првите 40. Најлош за живеење е Дамаск, главниот град на Сирија, и тоа втора година по ред.

viena-proglasena-za-najdobriot-grad-za-zhiveenje-vtora-godina-po-red-02.jpg

Веднаш после Мелбурн се наоѓа Осака во Јапонија, а петтото место му припаѓа на Калгари во Канада. На шестото место се наоѓа Ванкувер, а седмото место го делат Токио и Торонто.

Само уште еден европски град се наоѓа помеѓу првите 10 – Копенхаген во Данска го освои деветото место. На десетото место се наоѓа Аделаида во Австралија.

viena-proglasena-za-najdobriot-grad-za-zhiveenje-vtora-godina-po-red-03.jpg

Во извештајот стои дека Лондон и Њујорк немаат добри оцени како другите градови бидејќи имале проблеми во категоријата стабилност, односно, во овие градови постои ризик од криминал и тероризам. Истовремено, и во двата градови инфраструктурата претставува слабост.

Изгледа дека Европа го има мнозинството од најдобрите градови за живеење – дури 8 од нив се помеѓу првите 20. А од 68 рангирани градови, 31 се европски. Најлошиот европски град за живеење е Атина.

Воглавно, градовите во западна Европа се наоѓаат погоре на листата, додека оние во јужна Европа освоиле помалку поени, најмногу поради факторите како криминал и слаба инфраструктура.

viena-proglasena-za-najdobriot-grad-za-zhiveenje-vtora-godina-po-red-04.jpg

Градовите од поранешните советски држави освоиле повеќе поени во категоријата образование, но и овде проблемот е инфраструктурата. Како најлоши за живеење се покажале градовите во Африка, Азија и Јужна Америка.

За прв пат оваа година, во извештајот има и категорија влијание од климатските промени. Неколку градови, вклучувајќи ги и Њу Делхи и Каиро, изгубиле многу поени поради загадениот воздух, високите просечни температури и нееднаквата распределеност на водата.

viena-proglasena-za-najdobriot-grad-za-zhiveenje-vtora-godina-po-red-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg