Жена која преживеала рак, го преплива Ламанш четири пати по ред

34-годишната Сара Томас од Колорадо, САД, го започнала овој подвиг во недела наутро, а завршила околу 6:30 часот во вторник. Повеќе од 54 часа, таа се борела со морските струи.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-01.jpg

Пред една година, Сара имала рак на дојката, а нејзиниот третман завршил во 2018-та. Таа решила да го посвети овој подвиг на сите останати кои ја добиле битката со ракот.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-02.jpg

Претходно, само четворица луѓе го имаат поминато каналот три пати по ред, но Сара е првата личност што го направила тоа четири пати.

Дури и самата била изненадена од нејзиниот успех:

„Не ми се верува дека успеав. Премногу сум вкочанета. Имаше многу луѓе на плажата кои сакаа да ме сретнат и да ми честитаат и тоа беше многу добро од нив, но воглавно се чувствувам вкочането. Навистина сум уморна сега.“

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-04.jpg

Според Сара, најголемиот предизвик во овој подвиг било справувањето со солената вода која ѝ го сушела грлото. Истовремено, морала да се бори и со силните струи, но и со многуте медузи.

„Мојот тим заврши одлична работа помагајќи ми и одржувајќи ми ја силата.“

Последното враќање од Франција ѝ било најтешко и на Сара ѝ се чинело дека трае цела вечност.

Како сето ова да не е доволно, наместо планираните 129 километри, Сара испливала дури 209. Причината била плимата.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-03.jpg

Официјалниот набљудувач на настанот, Кевин Марфи, изјавил дека овој подвиг е апсолутно инспиративен.

„Ова е неверојатно, апсолутно инспиративно. На крајот сите бевме емотивни.“

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-02.jpg

За време на пливањето Сара консумирала само протеински пијалак со електролити и кофеин. Откако завршила со пливањето, Сара заслужено прославила со шампањ и чоколадо.

zhena-koja-prezhiveala-rak-go-prepliva-angliskiot-kanal-chetiri-pati-po-red-05.jpg

Сара има и претходно искуство со вакви подвизи. Прв пат го препливала Ламанш во 2012-та година, а потоа повторно во 2016-та. Ова, очигледно не било доволно за неа.

Во август 2017-та година, Сара испливала 167 километри во езерото Шамплејн, но набрзо потоа била дијагностицирана со рак.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе с... „Ние сме најсреќниот разведен пар во светот. Ние се разведовме еден со друг, а н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg