Тинејџерка им одржа лекција за климатските промени на светските лидери во Обединети нации
- Детали
- вторник, 24 септември 2019
Во петокот, илјадници луѓе од целиот свет му се приклучија на штрајкот за преземање мерки за климатските промени.
Ширум светот, во 120 различни држави, беа организирани 4.500 протести, од кои еден се одржуваше во Њујорк, три дена пред самитот за климата на Обединетите нации.
This is what #FridaysForFuture look like in New York City!#ClimateStrike pic.twitter.com/1kTvaQh4YW
— City of New York (@nycgov) September 20, 2019
Протестот во Њујорк кулминира со неколку говори, вклучувајќи го и оној на Грета Тунберг, 16-годишната активистка од Шведска.
Минатата година, Грета го започна движењето Fridays for Future (петоци за иднината), што доведе до штрајкот за климата. Во август 2018-та година, наместо да оди на училиште, Грета протестираше пред парламентот во Шведска, барајќи да се преземе нешто во врска со климатските промени.
Нејзината постапка брзо поттикна движење, па голем број млади луѓе од целиот свет почнаа да штрајкуваат во петок.
За да стигне во САД, цели две недели, Грета пловеше низ Атлантикот со брод без штетни емисии.
Во понеделникот, Грета се појави на самитот на ОН, каде што речиси низ солзи им одржа лекција на светските лидери:
„Не треба да бидам овде. Треба да бидам на училиште на другата страна од океанот. Сепак, сите доаѓате кај нас за надеж. Како се осмелувате! Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови.
Но сепак, јас сум една од среќните. Луѓето страдаат. Луѓето умираат. Цели екосистеми се уништуваат. Ние сме на почетокот на масовно истребување. А сè за што вие можете да зборувате се пари и бајки за вечен економски раст. Како се осмелувате!“, изјави Грета.
„Младите луѓе почнуваат да го разбираат вашето предавство. Очите на помладите генерации се свртени кон вас. А ако одберете да нè предадете, нема да ви простиме. Нема да ви дозволиме да се извлечете со тоа.
Токму овде, токму сега ја повлекуваме линијата. Светот се буди и промената доаѓа, без разлика дали ви се допаѓа или не“, го заврши таа својот говор.
Говорот на 16-годишното девојче беше проследен со говор од папата Франциск, кој прашуваше дали политичарите работат доволно за да се справат со климатските промени.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој претходно има изјавено дека климатските промени се „измама“, исто присуствуваше на самитот. Кина, Индија, Франција, Германија и Велика Британија биле помеѓу присутните држави, а Бразил и Саудиска Арабија се држеле настрана.
Погледнете го целиот говор на Грета:
Greta Thunberg Rips World Leaders at the U.N. Over Climate Change"You have stolen my dreams and my childhood with your empty words." Greta Thunberg rips world leaders at the U.N. over climate change. #CoveringClimateNow
Posted by VICE on Monday, September 23, 2019
Спирова С. | Црнобело