Метросексуалците повеќе не се во мода: Спорносексуалците го презедоа тронот
- Детали
- сабота, 07 септември 2019
Дали се сеќавате на метросексуалците, дефинирани од Марк Симпсон, во 1994 година? Да се потсетиме, се работи за мажи кои се грижат за својот изглед, речиси, колку и жените. Метросексуалците не се дефинирани според нивната сексуална определба, која е сосема неважна, ги поврзува само истиот тренд и стил.
Дејвид Бекам е симбол на метросексуалците, а веројатно е и најпознатиот метросексуалец. Во општество кое стана опседнато со спорт, порнографија и самољубие, спорносексуалноста е еден логичен производ.
За што точно станува збор?
Марк Симпсон во втората деценија од 21-от век смислил нов термин - спорносексуалец. Ова е кратенка на зборот спо(рт) + (по)рно + сексуалец.
Се работи за маж кој вежба, кој се депилира и кој има тетоважи. Како некоја мешавина на мафијаш, спортист и порно ѕвезда.
Кристијано Роналдо е класичен пример на спорносексуалец. Според теоријата на Симпсон, појавата и растот на „selfie“ фотографии, социјалните мрежи и порнографијата, создаде нова генерација на млади мажи опседнати со нивните тела и желба да бидат физички пожелни.
Спорносексуалноста е поекстремен вид на метросексуалноста. И двете групи се депилирани, и негувани, но спорносексуалците се набилдани, цврсти и опседнати со нивните пропорции, стомачни мускули, бицепси и листови.
Не ги дефинира облеката што ја носат, туку димензиите на нивните тела, како и бројот на обожавателите.
Во општество што стана опседнато со спорт, порнографија и самољубие, ова е само логичен производ. Спорносексуалците, за разлика од метросексуалците, се обидуваат да бидат кул и без емоции; како „вистински мажи“.
Спорносексуалноста на мажите, не само што им ја наметнува потребата да имаат совршено тело, туку и да ги бараат совршените партнерки кои секој ден го поминуваат во теретана.
Мажите се бомбардирани со фотографии на мажи со, речиси, невозможна физиономија, како Волверин или Супермен. Супермен на Кристофер Рив од 1978 година изгледа слабо во споредба со денешниот Супермен на Хенри Кавил.
Но Холивуд не е единствениот што им го наметнува овој стил на мажите. Таа улога ја преземаат социјалните мрежи.
Денес, на социјалните мрежи доминираат машки фитнес модели кои ги следат стотици илјади луѓе, само поради нивните мускули.
Најпознатите спорносексуалци денес се: Кристијано Роналдо, Зак Ефрон, Дан Озборн, Рафаел Надал…
Ашера | Црнобело