Зошто 440 пара штикли висат на зграда во Истанбул?
- Детали
- понеделник, 23 септември 2019
На зграда во Истанбул висат 440 пара женски чевли за поткревање на свеста за бројот на жени кои биле убиени од своите сопрузи минатата година, а секојдневно ги гледаат илјадници луѓе.
Уметникот Вахит Туна стои зад ова дело кое го изложил на позната зграда во дел од Истанбул каде што секојдневно поминуваат огромен број на луѓе, со цел да биде видена во што поголем број.
Станува збор за дел од проект кој ја поттикнува свеста за семејното насилство и последиците од истото, во овој случај убиените жени од своите мажи, а воопшто не се работи за комерцијални цели.
На ѕидовите се поставени 440 женски чевли, што соодветствува на бројот на жени кои биле убиени како резултат на семејно насилство, во 2018-та во Турција.
Со овој проект никој не може да го одмине проблемот и да го игнорира, како што најчесто е случај, бидејќи е впечатлив и го одзема вниманието на секој минувач.
Чевлите не припаѓаат на овие жени, само се искористени како културен симбол, со оглед на тоа што во некои делови на Турција е традиција да се стават надвор чевлите на починатите.
Тоа што за овој проект искористил штикли е само заради тоа што претставувале симбол за женската моќ и независност, а со ова сакал да покаже и дека може да станува збор за вработени жени кои немале потреба од мажи за да се издржуваат.
440-те чевли поставени на ѕидовите од зградата ќе стојат на тоа место 6 месеци, со надеж дека ќе се поткрене свеста, луѓето ќе почнат да обрнуваат внимание на овој проблем и можеби, нешто ќе се промени...
М. М. | Црнобело