Исповед на мајка: „Ќерка ми јаде малтер, сунѓер или ткаенини – исцрпувачки е 24 часа да внимавам, но успевам“

Знаете ли што е Пика синдром и кај кои деца најчесто се јавува? Зошто одеднаш некои деца имаат потреба да јадат креда, малтер или земја? Мајка од Англија споделува искуство со нејзината ќерка. 

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-kolku-ovaa-navika-e-opasna-01.jpg

Честопати се вели дека кај децата што јадат работи што не се за јадење, како малтер, земја или креда, постои недостаток на одредени витамини и минерали и неопходно е да се направи тестирање, но оваа мајка споделува една сосема поинаква приказна.

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-shto-nauchivme-za-nejzinata-sostojba-02.jpg

Стејси Ахерн (25) е мајка на две деца од Англија, која мора да остане дома за да се грижи за својата 3-годишна ќерка, Винтер која страда од аутизам, но и од изразен Пика синдром (кој се карактеризира со желба за јадење работи што не се јадат, како земја, малтер, ткаенини, сунѓер).

„Винтер буквално ја јаде цела куќа. Купив нова софа и успеа да изеде цели парчиња од неа“ – раскажува мајката и додава дека досега ја фатила ќеркичката како јаде ткаенини од играчките, листови од растенијата во домот, восок од свеќи, па дури се обидела да ги скрши и рамките за фотографии за да проба парчиња стакло.

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-shto-nauchivme-za-nejzinata-sostojba-04.jpg

„Мошне е пребирлива за нормалната храна, но може да седне и да изеде цел сунѓер“ – продолжува со својата приказна мајката.

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-shto-nauchivme-za-nejzinata-sostojba-03.jpg

Таа вели дека Винтер се развивала сосема нормално како бебе и постојано сакала да става предмети во устата, но мајката верувала дека тоа е нормално.

Првите знаци дека нешто не е во ред со девојчето ги забележале на 13 месеци, кога сфатиле дека тоа воопшто не зборува и дека почнува да развива чудни навики со исхраната.

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-shto-nauchivme-za-nejzinata-sostojba-07.jpg

Набрзо лекарите утврдиле дека Винтер страда од Пика синдром, а на почетокот на годинава било утврдено и дека страда од аутизам.

„Пика синдромот е многу позастапен кај децата со аутизам, како Винтер. Мислам дека проблемот е во сензитивноста и Винтер посакува да проба различни текстури.

Има висок степен на аутизам што значи дека не зборува многу и има одредени проблеми во однесувањето“ – вели мајката.

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-shto-nauchivme-za-nejzinata-sostojba-06.jpg

Според неа, најтешко е тоа што Винтер честопати знае да се разбуди среде ноќ и тогаш да јаде сѐ што ќе ѝ се најде на патот.

Мајката вели дека во една пригода ја фатила ќерката како ги јаде ќебињата во креветчето.

„Исцрпувачки е постојано да се биде со неа 24/7, но успеав да стекнам добра рутина и внимавам на нејзините потреби.

Децата со аутизам сакаат сензорни играчки што може да ги допрат или што испуштаат звуци. Купив ѓердан што може да се грицка и што е специјално дизајниран за луѓе со пика синдром, па може да ги грицка различните текстури“ – појаснува таа.

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-shto-nauchivme-za-nejzinata-sostojba-05.jpg

Мајката се надева дека Винтер ќе го надрасне синдромот и дека работите ќе се променат, а дотогаш мора постојано да внимава на својата ќерка, на тоа што става во уста, бидејќи некои работи (како стакло) може да бидат опасни.

Што е Пика синдром?

Пика синдромот се смета за пореметување во исхраната и најчесто се смета дека децата и возрасните што страдаат од него се обидуваат да јадат: земја, глина, камчиња, хартија, мраз, боички, влакна, креда, или пак измет.

Кај овие лица може да има проблеми предизвикани од јадењето предмети, како анемија, труење, инфекции на органите (ако внесат земја со паразити или црви), повреди на внатрешните органи или на забите.

kjerka-mi-jade-malter-sungjer-ili-tkaenini-shto-nauchivme-za-nejzinata-sostojba-08.jpg

Потребно е да се запомни дека децата до 2 години најчесто ставаат сѐ во уста и тоа е сосема нормално, па затоа Пика синдромот не може да биде дијагностициран кај нив.

Ако детето е постаро од 2 години и чудните навики во исхраната траат повеќе од 1 месец, најчесто се дијагностицира со овој синдром.

Синдромот најчесто се јавува кај деца со аутизам или со друга ментална попреченост, луѓе со проблеми како опсесивно компулсивно растројство, или кај деца кои немаат богата разновидна храна, затоа што недостатоците на железо или цинк може да придонесат за чудни потреби во исхраната.

Исто така се јавува и кај деца кои биле злоупотребувани или запоставувани.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg