Најчудните нешта што можете да ги видете на Google Earth
- Детали
- среда, 11 септември 2019
Google Earth е навистина интересна алатка што ви овозможува да го прошетате светот од удобноста на вашиот дом. И додека повеќето сателитски снимки што можете да ги најдете се здодевни, одвреме-навреме се појавува нешто што привлекува многу внимание.
Од чудни кругови и изгубени градови, па сè до гробница за авиони, погледнете некои од најчудните работи што биле пронајдени на Google Earth:
Мистериозна пирамида
На оваа снимка се наоѓа аномалија за која многумина веруваат дека е неоткриена пирамида. Изминативе 5 години биле откриени дузина вакви аномалии ширум Египет. Сепак, сè уште постои дебата за тоа дали навистина се археолошки пронајдоци или само дело на природата.
Фантомски остров
Во 2012-та година, група истражувачи од Австралија открила остров со големина на Менхетен во јужниот дел на Тихи Океан. Мистериозно место е наречено остров Сенди и се има појавувано на многу мапи.
Во ноември 2012-та година научниците се упатиле кон островот, но изјавиле дека наместо копно, наишле на отворено море. Во 2013-та година истражувачите објасниле дека островот се наоѓал на некои мапи поради човечка грешка.
Загадочен пентаграм
Во изолирана област во Казахстан се наоѓа огромен пентаграм со дијаметар од 366 метри. Пентаграмот е издлабен во земјата и на Google Maps се гледа навистина добро.
Многу интернет корисници го поврзале местото со сатанистички ритуали и разни религиски секти. Но, излегло дека пентаграмот е остаток од парк кој бил направен во форма на ѕвезда.
Крваво езеро
Во Ирак, веднаш до градот Садр, се наоѓа езеро со крваво-црвена боја. Засега нема официјално објаснување за тоа што ја предизвикало бојата на езерото.