„Сопругот ми купи приватен остров од 50 милиони долари, за да можам да носам бикини“
- Детали
- петок, 27 септември 2024
„Можел да ти изгради и базен во дворот“ – стои во некои од зајадливите коментари упатени до Британката која на социјалните мрежи се пофали дека нејзиниот богат сопруг од Дубаи ѝ купил остров за таа да може безбедно да се сонча.
Бизнисменот од Дубаи, Џамал Ал Надак и неговата сопруга Сауди, често сакаат да се фалат со својот луксузен начин на живот на социјалните мрежи.
Тие двајцата имаат профили со голем број следбеници, каде објавуваат видеа од нивните патувања и шопинзи, а Сауди во една пригода рече дека од сопругот на свадбата добила мираз од 10 милиони долари.
Сауди е Британка, која освен што се фали со својот живот на висока нога, често знае да сподели и совети за оние што посакуваат да се омажат за шеик од Дубаи.
Иако честопати е критикувана и добива погрдни коментари дека е „спонзоруша“ затоа што ја интересира само материјалното богатство, таа не престанува да снима видеа во коишто го прикажува нејзиниот луксузен живот.
Видеата со наслов: „Што ми купи мојот богат сопруг минатата недела?“ или „Каде ме однесе сопругот на патување?“ се мошне чести на нејзиниот профил, а сега откри дека тој воопшто не штеди пари за да ѝ ги задоволи сите желби.
Таа на социјалните мрежи, неодамна се пофали дека нејзиниот сопруг Џамал ѝ купил приватен остров за да може да се сонча во бикини.
„Кога сакаш да носиш бикини, а сопругот ти купува остров“ – пишува Сауди.
„Ова беше неговата најдобра инвестиција досега“ – додава таа во описот.
@soudiofarabia This has been his best investment yet✨ #millionaire #couple #island #ksa
-->♬ Habibi (Albanian Remix) - Ricky Rich & Dardan
Видеото на ТикТок има над 1 милион прегледи досега, а по големиот број критики упатени до неа, и дека наместо остров, сопругот можел да ѝ изгради базен, Сауди појасни:
„Подолго време сакавме да купиме остров и како инвестиција, но и затоа што сопругот сака да се чувствувам безбедно на плажа“.
Таа вели дека од безбедносни причини не ја откриваат локацијата на островот, но рече дека тој се наоѓа во Азија и чини 50 милиони долари.
Погледнете уште неколку фотки на Сауди:
Б. С. Б. | Црнобело