Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“?

По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога била тинејџерка. Тогаш добила близнаци, во втората бременост добила тројка, а во третата – четворка.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-01.jpg

Маријам Набатанзи Бабирје од Уганда има родено 51 дете, од кои 44 се живи.

Таа се смета за жената која родила најмногу деца во помодерно време.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-02.jpg

Според Википедија, има само три жени кои се верува дека родиле повеќе деца од неа. Но, тие живееле пред 1700-тите и податоците за нив може и да не се потполно точни.

Истовремено, Маријам важи за „најплодната жена во светот“ и има ретко генетско нарушување познато како хиперовулација.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-08.jpg

Кај лицата со реткото нарушување, јајникот ослободува повеќе од една јајцеклетка во еден менструален циклус.

Што значи, овие жени имаат многу поголеми шанси за бременост.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-03.jpg

Маријам е родена во 1980-та, а кога имала само 12 години, била присилно омажена за 45-годишен маж кој бил и насилен.

Таа останала бремена веќе следната година, кога родила близнаци. Вo 1996-та родила тројка, а околу 19 месеци подоцна, родила и четворка.

Додека да наполни 23 години, Маријам веќе имала роденo 25 деца.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-10.jpg

Според некои извори, таа продолжила да раѓа бидејќи добивала совет од другите луѓе дека со тоа ќе го намали бројот на бремености во иднина. Истовремено, ѝ кажувале дека ако не е бремена, ќе има сериозни проблеми со здравјето.

Ова, секако, не е точно, но кога ќе се земе предвид дека Маријам потекнува од многу сиромашна област во Уганда, јасно е дека немала со кого да се консултира.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-05.jpg

Откако го родила 42-то дете, сопругот на Маријам го напуштил семејството бидејќи повеќе не можел да ги издржува ситe деца.

Уште полошо – го продал и имотот на којшто живееле Маријам и децата.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-07.jpg

Нејзината баба ја примила со децата кај себе, но помошта не траела долго.

Маријам сфатила дека останала бремена со близнаци пред сопругот да си замине, а набрзо потоа починала и баба ѝ.

По ова, други роднини почнале да пробуваат да го земат имотот на баба ѝ, но Маријам успеала да се избори и да го откупи.

Иако уште не бил целосно исплатен, барем со децата не биле на улица. Но сепак, Маријам мора сама да се грижи за сите.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-06.jpg

Семејството на Маријам моментално има 66 члена, вклучувајќи ги нејзините деца, неколку снаи и неколку внуци.

Маријам работи како шивачка и фризерка, а добива помош и од донации.

rodila-51-dete-pa-napravila-operacija-za-da-ne-mozhe-da-zabremeni-koja-e-najplodnata-zhena-vo-svetot-04.jpg

А, откако ги родила последните близнаци со кои останала бремена пред сопругот да ја напушти, на Маријам ѝ била направена операција со која се спречуваат бремености во иднина.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg