Инфлуенсерка покажува одблизу како изгледаат дупките на стомакот по лапароскопија: „Ми вметнаа камера преку папокот“
- Детали
- среда, 30 ноември 2022
„Искрено, бев исплашена да започнам да истражувам за мојата силна месечна менструална болка со која се соочував (мислев дека е нормално) и искрено бев преплашена од помислата на каква било операција...“, ја започнува својата приказна Taлила Хенчоз од Велика Британија.
Taлила Хенчоз од Велика Британија е инфлуенсерка и персонален тренер, а во последно време интензивно работи со онлајн фитнес програми.
На својот Инстаграм профил има повеќе од 99.000 следбеници, а она што ја истакнува од другите инфлуенсерки е искреноста.
Таа не прикажува розов животен стил, туку отворено говори и за болните епизоди низ кои минува.
Во една пригода ја видовме како плачеше, а сега комплетно искрено говори за лапароскопијата што ѝ била направена поради испитување за ендометриоза и одблиску прикажа како ѝ изгледаат лузните.
Нејзината емотивна исповед:
„Неверојатно фрустрирачки е што сé мораме да поминеме како жени.
Сакам да го споделам моето искуство... Искрено, бев исплашена да започнам да истражувам за мојата силна месечна менструална болка со која се соочував (мислев дека е нормално) и искрено бев преплашена од помислата на каква било операција.
Но, имав толку многу од поддршка од вас кои ме поттикнавте и ме инспириравте за да добијам дијагноза.
Половина од населението сме жени и не сакам никој од вас да се чувствува сам ако страда од ужасни менструации или какви било проблеми со здравјето.
Имав лапароскопија (операција која се изведува во абдоменот или карлицата преку мали засеци со помош на камера), а при оваа процедура се вметнува камера преку папокот во стомакот за да се види што се случува.
Ве полнат со јаглерод диоксид (гас) за добро да ги погледнат вашите органи/крвни садови.
Тие не можеа да видат ендометриоза, но сè беше многу воспалено, па направија биопсија за да идентификуваат што се случува. Тие, исто така, погледнаа во мојата утроба (хистероскопија) и продолжија со процедурите.
Во последните 48 часа имав многу болки, особено во моите раменици и горниот дел од стомакот каде што сите гасови се чини дека притискаат.
Правев лесни движења и пиев многу вода и чај од нане за да си помогнам. Утрово за малку ќе се онесвестев кога ја извадив газата и ги видов шевовите. Но, најлошото е што не смеам да се движам и да си го започнам денот со тренинг.
Но, јас навистина верувам дека сето тоа се случува со причина и моето тело се обидува да ме натера да забавам и да ги средам моите хормони. Еве го тоа патување, колку и да е долго, ви благодарам што сте тука со мене.“
Прочитајте и Инфлуенсерка со искрена фотка како плаче ја покажува реалноста зад Инстаграм
С. С. | Црнобело