Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Со години се облекував како Кен и бев жртва на навреди - зошто одлучив да го променам имиџот?“

„Кога луѓето почнаа да ме нарекуваат чудак и демон, се чувствував засрамено, беспомошно и изгубено“ – вели Бразилецот Фелипе Адам кој со години се облекувал како Кен, за на крај да се откаже од тој изглед и целосно да го промени имиџот.

so-godini-se-oblekuvav-kako-ken-i-bev-zhrtva-na-navredi-zoshto-odluchiv-da-go-promenam-imidjot-01.jpg

Бразилецот Фелипе Максимо Дијаз де Оливеира (18), попознат како Фелипе Адам од Сао Паоло пораснал гледајќи Barbie цртани со своите сестри и станал опседнат со тоа еден ден да стане жив Кен.

Самиот вели дека бил жртва на врсничко насилство и имал проблеми со самодовербата па заради тоа бил одлучен во намерата да се претвори во жива верзија на популарната кукла.

Самиот вели дека поминувал со часови нанесувајќи шминка на лицето и планирал да направи 42 пластични операции, па дури и да ги извади ребрата и да вгради силикони со цел да добие траен изглед.

Сепак, вели дека се одлучил да се откаже од намерата откако слушнал божји глас и почнал да работи како градежник.

„Планирав да направам 42 операции за да наликувам на куклата и да станам како него, но тоа не е здраво, сфатив дека се кријам зад маска.

По една многу тешка фаза во мојот живот, во која имав и суицидни мисли сфатив дека операциите нема да ме направат среќен и дека единствено може да се чувствувам подобро ако научам да се сакам себеси.

Се чувствувам слободно и благословено затоа што се откажав од операциите и како да добив втора шанса во животот и сфатив што е она што е навистина важно“ – вели Фелипе.

Родителите на Фелипе се развеле кога тој имал само 12 години, па тоа го натерало младото момче да побара цврста машка фигура што ќе му биде пример, и вели дека во тој период, за него тоа бил Кен.

Дополнително, врсничкото насилство и тоа што за него сите велеле дека не е симпатичен, па дури и неговата мајка не го криела сопственото мислење за неговиот изглед, само го натерале малиот Фелипе да почне да се облекува како жива кукла и да ја достигне својата „идеја за совршенство“.

„Се чувствував изгубено и напуштено затоа што пораснав без татко и почнав да се кријам зад идентитетот на Кен“ – вели тој и додава дека на 14-годишна возраст почнал да поминува по 4 часа пред огледалото и нанаесувал шминка за да изгледа како неговиот идол.

Идентитетот како Кен, на Фелипе му донел и слава на Инстаграм каде стекнал над 15.000 следбеници.

Но, обидите да се претвори во човечка кукла оставиле траен печат врз неговиот изглед, па така заради постојаното фарбање, тој почнал да ја губи косата и да носи перики, а на интернет постојано добивал навредливи коментари и критики поради што почнал да помислува на тоа и да си го посегне сопствениот живот.

„Кога луѓето почнаа да ме нарекуваат чудак и демон, се чувствував засрамено, беспомошно и изгубено, слично како кога бев помлад.

Но, коментарите направија да сфатам дека љубовта не може да се купи или да се заслужи, и дека ако не се сакаме самите себеси, никој нема да не сака.

Би рекол дека најдобро е да се запознаете себеси пред да одите на операции и да се обидете да сфатите што е она што ве тера да го промените изгледот“ – вели тој.

Фелипе вели дека ова бил најмрачниот период во неговиот живот и токму во тој период го слушнал божјиот глас што му рекол дека треба да се сака себеси таков каков што е.

Фелипе сѐ уште објавува свои фотографии на Инстаграм, но тие во голема мера се разликуваат од претходните.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg