Беше во брак со 24 години помлад маж, му помогна на Трамп да ја изгради империјата – Факти за Ивана Трамп која почина на 73 години
Во 1992-ра година Ивана и Доналд се разведоа, откако во медиумите се појавија информациите за аферата на Трамп со Марла Мејплс, која подоцна му стана втора сопруга.
Во 1996-та година Ивана се појави во филмот First Wives Club, каде остана запаметена по советот што им го даде на другите жени што биле оставени од сопрузите: „Немојте да се лутите, земете сѐ што можете“.
Во разводот со Трамп Ивана доби богатство од 14 милиони долари и годишна алиментација за децата во износ од 650.000 долари, палата со 45 соби во Конектикат, стан во Трамп Плаза и дозвола за престој во палатата на Трамп во Флорида по еден месец годишно.
Ивана беше во брак вкупно четирипати. Самата велеше дека првиот пат (пред да се омажи за Трамп) се омажила за да добие австриски пасош.
Ивана, исто така привлекуваше внимание и заради бракот со 24 години помладиот италијански бизнисмен Росано Рубиконди. Тие беа во врска околу 6 години, а во брак беа само неколку месеци во периодот од април до декември 2008-ма година.
Рубиконди почина во 2021-ва година откако подолго време се бореше со рак на кожата. По пропаднатиот брак со Рубиконди, Ивана велеше дека веќе не ја интересираат романтичните врски, туку дека целосно е сконцентрирана на тоа да се грижи за нејзините 10 внуци.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Бурниот љубовен живот на Ивана, поранешната сопруга на Доналд Трамп: Брак за државјанство, 23 години...
Доналд Трамп е само еден од четирите сопрузи на Ивана Трамп. Таа беше во брак со...

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс
Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“
Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де...
Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа...
Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“
„Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
-->