Беше во брак со 24 години помлад маж, му помогна на Трамп да ја изгради империјата – Факти за Ивана Трамп која почина на 73 години
- Детали
- петок, 15 јули 2022
Побегнала од комунистичка Чешка, првиот пат се омажила за да добие австриски пасош, а последниот 24 години помлад сопруг ѝ починал на возраст од 49 години. Таа му помогнала на Трамп да ја изгради империјата... Факти за првата сопруга на Доналд Трамп, која почина од срцев застој.
Првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп (73) вчера (14.07) беше најдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн. Според информациите во медиумите Ивана најверојатно доживеала срцев застој.
Поранешниот претседател упати јавно соопштение во кое изрази жалење за ненадејната смрт на неговата прва сопруга.
„Со голема тага сакам да ги информирам многуте луѓе што ја сакаа дека Ивана Трамп почина во нејзиниот дом во Њујорк. Таа беше прекрасна, убава жена што беше инспирација за многумина. Најголема гордост ѝ беа трите деца Доналд Џуниор, Иванка и Ерик“ – рече тој.
Доналд Џуниор (44), Иванка (40) и Ерик (38) објавија заедничко соопштение во кое ја информираа јавноста за ненадејната смрт на нивната мајка.
Дополнително, Иванка на Инстаграм сподели фотографија со нејзината мајка, до која напиша:
„Срцето ми е скршено заради смртта на мојата мајка. Мама беше брилијантна, шармантна, страсна жена и со голема смисла за хумор. Таа беше модел за цврстина, издржливост и упорност во сѐ што правеше. Го живееше животот во полн здив и никогаш не ја пропушташе можноста да се смее и да танцува. Ќе ми недостига засекогаш и во срцето секогаш ќе ги чувам спомените за неа.“
Во продолжение неколку интересни факти за првата сопруга на поранешниот претседател на САД: