Беше најозборуваната жена на светот заради аферата со Бил Клинтон - Што прави и како изгледа Моника Левински денес?
- Детали
- среда, 08 септември 2021
Нејзиното име беше оцрнувано, таа беше предмет за потсмев, јавно ја нарекуваа „дебелата љубовница“. Моника Левински (48) по 20 години јавно оцрнување конечно јавно ќе има можност да ја раскаже својата приказна, но низ што сè помина во последните 20 години?
Поминаа речиси две децении откако светот го тресеше скандалозното судско рочиште на тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон со асистентката во белата куќа Моника Левински. Што правеше Моника по аферата и како изгледа денес?
Во 1998-та година тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон се соочи со скандалозно судско рочиште, што потекнуваше од неговата афера со тогаш 25-годишната асистентка Моника Левински која работеше бесплатно во Белата Куќа.
Бил Клинтон тогаш тврдеше дека „никогаш не бил во сексуални односи со таа жена“, за потоа да признае дека имале несоодветни интимни односи. Минатата година во 2020-тата, тој во документарниот филм насловен „Хилари“ призна дека аферата со Левински била негов обид да се справи со стресот.
„Се чувствуваш како да се тетеравиш, си почнал борба што требало да трае 15 рунди, а борбата е продолжена на 30 рунди и наоѓаш нешто за да не мислиш на проблемите во одреден период. Сите имаме периоди на стресови и разочарувања и стравови и слично, а на тој начин јас успевав да се справам со мојата анксиозност“ – изјави тој.
Левински ја призна аферата, но според неа тоа беше ужасна злоупотреба на моќта. Нивната афера беше реактуелизирана со епизодата на серијалот Impeachment: American Crime Story, што воедно ќе ја раскаже приказната од нејзина перспектива.
Моника во минатото јавно говореше за скандалозната афера и за тоа како се справувала со последиците што следеа. Но, како изгледа Моника денес и што правеше во последните 20 години?
Откако Бил Клинтон беше ослободен од сите обвиненија, Левински стана предмет за потсмев кај јавноста и таа ја доби етикетата „дебела љубовница“. Во 1998 година, списанието Vanity Fair само како да ја потврди перцепцијата на Левински како „љубовницата“.
За оваа сторија Левински тврдеше дека морала да посетува терапија поради траумите што ги доживеала, а нејзините долгови за рочиштата поврзани со скандалот со Клинтон во 2000-тата година стигнале до износ од неверојатни 1.5 милиони долари.
Во 1999-тата година таа имала своја линија на чанти, што не поминала особено добро.
Негативните коментари за нејзиниот физички изглед ќе ја натераат самата да се сконцентрира на намалување на килограмите, па откако ќе успее да загуби неверојатни 14 колограми, таа станува портпаролка на компанијата за намалување на килограмите на Џени Креиг.
Во 2003-тата година, ќе одлучи да се појави на малите екрани и да биде водителка на шоуто за состанувања на Fox, насловено Mr. Personality.
Со цел да ги избегне озборувањата и негативните коментари одлучува да се пресели од Вашингтон во Њујорк, но и таму не нашла мир. Во 2005-тата година одлучила да земе заслужен одмор и да се пресели во Лондон, каде се запишала на студии на London School of Economics и се стекнала со мастер од областа на општестевната психологија.
Денес таа е мошне агресивен адвокат против вознемирувањето, особено вознемирувањето на интернет, при што речиси секогаш се навраќа и јавно говори за тоа како таа самата се справувала со јавното вознемирување и оцрнување што следело по аферата со претседателот на САД.
Освен во серијалот American crime story, Левински денес планира да направи уште еден документарен филм насловен „15 Minutes of Shame“ што ќе биде сконцентриран на јавното оцрнување на личностите.
Прочитајте и Емотивна исповед: По 20 години Моника Левински проговори за секс скандалот со Бил Клинтон
Б. С. Б. | Црнобело