По 10 години борба, девојка го победи ракот: „Мислев дека се симптоми на бременост, но по породувањето ми дадоа само 8 недели живот“
- Детали
- понеделник, 05 април 2021
Инспиративна приказна на една Британка, што влева надеж. Кајли годинава ги повикува Британките да се вклучат во трката организирана од Cancer Research UK, откако по цели десет години борба сега живее слободна од најголемиот кошмар.
Таа за британските медиуми ја раскажува својата приказна, надевајќи се дека ќе им влее надеж на сите оние што сè уште се борат.
Кајли Диксон (32) од Велика Британија имала ноќни препотувања и тапа болка во нозете, но мислела дека тоа е нормално. Таа сметала дека се вообичаени симптоми на бременост, а потоа, дури шест месеци по породувањето открила дека има редок вид на рак.
Многу подоцна, откако ми се разви израсток во вратот, ме пратија на дополнителни тестирања, дури шест месеци по раѓањето на синот. Да ти кажат во тој миг дека имаш само осум недели живот беше страшно, особено со мало бебе. Тоа што требаше да биде најсреќен период во мојот живот, но се претвори во кошмар, раскажува Кајли.
Имено, при испитувањето било откриено дека Кајли има Хоџкин-ова лимфома, редок вид на карцином на крвта и лекарите предвиделе дека ѝ преостануваат само осум недели живот без третман.
Сепак, таа одлучила да се бори, па така поминала деветмесечна хемотерапија и првично се сметало дека ракот е во реемисија, односно дека се повлекува. Сепак, кратко по ова болеста повторно се јавила, поради што Кајли морала да помине уште три циклуси на хемотерапија, како и да ѝ биде направена трансплантација на коскена срж за да се зајакне имунитетот.
За среќа, третманите помогнале и по точно една деценија борба, Кајли конечно може да ужива во животот без болеста. Денес таа е решена да ја прошири нејзината приказна и да поттикне што е можно повеќе луѓе да се вклучат во трката организирана од Cancer Research UK.
„Долго време знаев дека нешто не е во ред со моето тело, но затоа што бев бремена, се сметаше дека голем број на овие симптоми се од бременоста. Кога го слушнав зборот „канрцином“ моите најлоши кошмари беа потврдени.
На крајот на денот никој не го знае вашето тело како што го знаете самите вие, затоа е мошне важно да посетите лекар кога имате какви било знаци или симптоми. Ако карциномот се открие порано, полесно е да се третира и се зголемуваат вашите шанси за преживување“, вели Кајли.
Приказната на оваа млада Британка влева надеж дека по упорната борба и најлошиот кошмар може да помине и дека ДА - може да го победиме ракот.
Нејзината приказна од една страна влева надеж, а од друга предупредува дека никогаш не треба симптомите да ги земаме „здраво за готово“ .
Б. С. Б. | Црнобело