Елката со 3 милиони Swarovski кристали во Рокфелер центарот е осветлена (фото)
- Детали
- вторник, 10 декември 2019
Насекаде се чувствува новогодишна еуфорија. Оваа година во Рокфелер центарот на Њујорк се осветли елката тешка 400 килограми со 3 милиони Swarovski кристали.
Елката е тешка околу 400 килограми, а ѕвездата направена од Swarovski кристали ја ставаа со кран, бидејќи е премногу тешка и голема. Ѕвездата има дијаметар од скоро 3 метри и таа ќе блеска во Њујорк до 14 јануари. Даниел Либескинг е архитект-дизајнерот кој стои зад ова ремек дело.
Норвешка смрека е дрвото кое ќе го краси Рокфелер центарот, а високо е околу 25 метри и е преплавено со 50.000 светилки.
Во продолжение погледнете фотки и видеа од овој процес и од елката која го разубавува њујоршкиот Рокфелер центар оваа година:
Т. Ѓ. | Црнобело