„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“

Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела, но таа е посреќна од било кога. Кристина Филипс од САД ја споделува својата приказна со надеж дека ќе им помогне на другите луѓе кои водат битка со вишокот килограми, како таа во минатото.

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-01_2.jpg

Кристина Филипс од САД се вбројувала меѓу најдебелите луѓе на светот, а тежела неверојатни 338 килограми. 

Иако била млада, имала 30 години, нејзиното здравје било сериозно нарушено и изгледала постаро.

Движењето ѝ било отежнато и не можела да функционира како другите луѓе, но и покрај сè, не се откажувала од нездравата храна која ја довела до таа состојба. 

Последна фаза било тоа што воопшто не станувала од креветот и се движела само низ собата.

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-007.jpg

За својата состојба ги обвинувала својата мајка и тогашниот сопруг Зак, кој не само што ѝ купувал брза храна, туку и ѝ дозволувал да се прејадува.

Првиот чекор кон трансформацијата било советувањето со доктори, кои утврдиле дека вишокот килограми кај неа може да се отстрани само хируршки. 

Меѓутоа, за да биде извршена операцијата морала да ослабе. Така започнува нејзината трансформација.

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-01.jpg

Во 2014 година таа ослабела неверојатни 243 килограми и повеќе не била на листата на најдебели личности.

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-003.jpg

Иако ѝ била направена операција за скратување на желудникот, тоа не било доволно, бидејќи во организмот имала големи количини на масни наслаги кои од одредени делови од телото морало да бидат отстранети хируршки.

Според пишувањата на американските медиуми, само од нозете ѝ биле извадени по 20 килограми масти.

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-02.jpg

Кристина, која денес има 80 килограми, води сосема поинаков живот, таа е самостојна жена, но таа независност му пречела на нејзиниот поранешен сопруг Зак, кој ја напуштил откако ослабела.

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-006.jpg

Повторно се омажила и денес е мајка на 3 деца.

„Можам да направам многу работи за себе. Се чувствувам одлично. Порано не можев да направам неколку чекори, а да не чувствувам дека умирам“, вели Кристина која денес редовно споделува фотографиии од нејзината трансформација за дополнително да ги охрабри сите кои се соочуваат со сличен проблем.

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-005.jpg

kristina-imala-338-kilogrami-pa-napravila-operacija-na-zeludnikot-denes-ima-80-kilogrami-i-e-majka-na-3-deca-004.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg