Неодамна стана мајка, се криеше од јавноста: Се сеќавате ли на бебето од „Телетабиси“?
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2024
„Телетабиси“ беше мошне популарна серија за деца што се емитуваше и кај нас, а еден од ликовите беше и сонцето со лик на бебе. Со години, јавноста не го знаеше идентитетот на бебето, но во 2015-та, Џес Смит откри дека во серијата сме ја гледале всушност неа. Денес младата девојка не се експонира во јавност, а неодамна стана и мајка.
Освен четирите главни ликови Тинки Винки, Дипси, Лала и По, многумина ќе се сетат и на бебето сонце кое се појавуваше во секоја епизода од „Телетабиси“
„Телетабиси“ беше една од омилените детски серии, а на екраните дебитираше во 1997 година. Кај нас серијата се емитуваше малку подоцна и стекна популарност.
Џес Смит која денес има 28 години е девојчето чија насмевка го најавуваше почетокот на овој детски серијал.
Таа неодамна ја објави радосната вест на својот Инстаграм дека го добила своето прво бебе со долгогодишниот партнер Рики Латам.
Џес со своите следбеници сподели фотографија од раката на новороденчето, а во описот на фотографијата напиша: „Цела една недела со тебе“ и доби низа честитки.
Џес, во изјава за BBC, во 2015 година откри дека сосема случајно ја добила својата улога во шоуто.
„Мајка ми ме однела во болница да ме измерат, и истиот ден продуцентот ја контактирал болницата барајќи имиња на насмеани, среќни бебиња.
Верувам дека учествував на мини-аудиција пред јас да бидам избрана“, изјави Џесика.
На почетокот го криела својот идентитет, но во 2015 година решила да открие пред јавноста дека таа е бебето од Телетабиси.
„Сè уште имам бебешко лице. И, јас не сум се променила многу. Сè уште се смеам”.