Имаат 600 слуги, јадат со златен прибор: Кој е најбогатиот пар во Индија?
- Детали
- четврток, 11 јануари 2024
Најбогатиот маж во Индија има милијарди на сметка, на сопругата ѝ купува сѐ што ќе посака, но децата им се возат во јавен превоз. Во домот имаат терен со вештачки снег, кино, спа-центар, храм, сала за бал, раскошни бањи, игралишта и посебна гаража со 169 автомобили. Кој е најбогатиот пар во Индија?
Бизнис магнатот Мукеш Дурубаи Амбани е претседател, управен директор и најголем акционер на Rilajans Industries Ltd. (RIL), компанија на Fortune Global 500 и највредната компанија во Индија.
Роден е на 19 април 1957 година во Јемен.
Неговиот татко Дирубај Амбани почнал да гради фасцинантна бизнис империја, а неговата сопруга Кокилабен, односно мајката на Мукеш, тргнала по неговите стапки.
Мукеш основите на бизнисот ги научил од своите родители, кои биле отскочна даска за неговиот бизнис кој се развил до тој степен да стане најмоќен на целиот азиски континент.
И покрај сѐ, имал скромно детство.
Во Јемен живеел кратко, бидејќи неговиот татко одлучил да се врати во Индија во 1958 година за да започне бизнис кој се фокусирал на трговија со зачини и текстил.
Финансиската состојба на семејството не била на завидно ниво, а по преселбата почнала малку да се подобрува. Мукеш користел јавен превоз и никогаш не добивал џепарлак.
Подоцна, неговиот татко купил станбен блок во Колаба, 14-катна зграда наречена „Морски ветер“, каде до неодамна Амбани и неговиот брат живееле со своите семејства на различни катови.
Мукеш дипломирал хемиско инженерство на Институтот за хемиска технологија во Мумбај.
Потоа се запишал на магистерски студии на Универзитетот Стенфорд, но се откажал во 1980 година за да му помогне на својот татко да го изгради семејниот бизнис, кој во тоа време бил сè уште мал, но брзо растел.
Мукеш верувал дека вештините во реалниот живот се стекнуваат преку искуство, а не со седење во училница и му рекол на синот да се врати во Индија од Стенфорд за да ја преземе командата со проектот за производство на предиво во неговата компанија.