Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан Блондо?

22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога имаше само 6 години и брзо стана светски позната. Таа денес работи како модел, но пред некоја година се соочи со сериозен проблем со здравјето. Каде е што прави денес убавицата од Франција?

seriozen-problem-so-zdravjeto-nekolku-operacii-shto-se-sluchi-so-najubavoto-devojche-vo-svetot-tilan-blondo-01.jpg

Поради својот изглед достигна голем успех. Се истакнуваше со својата убавина уште како дете.

Тилан Блондо од Франција својата манекенска кариера ја започнала на четири години, а се појави на првата насловна страница на шест години и доживеа неверојатен успех.

bese-proglasena-za-najubavoto-devojce-vo-svetot-02_copy_copy.jpg

Во 2020 година Тилан имаше неколку операции поради циста која „пукнала“ во нејзините јајници и реши јавно да проговори за тоа.

Истакна дека поради нередовни контроли дошло до компликации, па апелираше до сите жени да се грижат повеќе за своето здравје.

Тилан чувствувала дека нешто не е во ред, иако неколку доктори ја убедувале дека претерува и дека всушност има психички, а не физички проблем.

„Три месеци после тоа, стомакот повторно почна да ме боли. Во една година бев кај три различни гинеколози, бев во повеќе од четири радиолошки центри во Париз и сите постојано ми велеа: 'Не грижи се, сè е во твојата глава' – напиша тогаш Тилан на својот Инстаграм профил.

bese-proglasena-za-najubavoto-devojce-vo-svetot-05.jpg

„Стомакот ме болеше неподносливо. Ми рекоа дека сè ќе биде во ред, дека имам мала циста и дека ќе одам на преглед за два до три месеци.

Ден потоа имав преглед со неверојатниот доктор Оливие Кадош, кој веднаш виде циста од 5 или 6 сантиметри што беше до мојот јајник. Ме испрати на снимање и по еден час ми се јави и ми рече дека морам итно да се оперирам.

Денес сум конечно подобра и конечно слободна. Почнав да мислам дека јас сум луда и дека измислувам проблеми. Мило ми е што не се откажав да барам помош“ – заклучува таа.

bese-proglasena-za-najubavoto-devojce-vo-svetot-04.jpg

„Од ова научив дека ако нешто те боли, не треба да ја игнорираш болката. Не се откажувајте, побарајте мислење од неколку лекари додека не го најдете оној кој ќе ви го реши проблемот.

Секоја болка, дури и најмалата, сигнализира дека нешто не е во ред“.

Тилан потпиша договор со „L’Oreal", а поседува и моден бренд „No Smile Clothing“ кој продава бањарки и спортска опрема.

Нејзиното богатство се проценува на над 4 милиони долари и денес таа е една од најуспешните француски манекенки.

Повеќе фотки од Тилан на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg