Гвен Стефани е подготвена за осветлување на елката во њујоршкиот Рокфелер центар (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2019
Празничната атмосфера во Њујорк започнува со поставувањето и осветлувањето на новогодишната елка во Rockefeller Center, а Гвен Стефани направи проба за спектакуларното шоу.
Оваа година, елката пристигна во Рокфелер на 9-ти ноември, а на 13-ти ноември беше поставена огромната Swarovski ѕвезда на врвот, која тежи 400kg.
Perfect seat in the newsroom to see the star installed on top of the Rockefeller Center Christmas Tree! @nbcnewyork @rockefellercenter #rockefellerchristmastree pic.twitter.com/Z88ncwK9rS
-->-->— Jesse Hamilton (@JesseJHamilton) November 13, 2019
Елката ќе биде осветлена на 4-ти декември и тогаш се очекува незаборавно шоу на кое ќе настапува Гвен Стефани, која пред неколку дена ја имаше генералната проба.
https://www.youtube.com/watch?v=-JCbuitO8ZQ
Пеачката промени неколку аутфити – едниот сребрено боди со наметка и светкави чизми, а другиот мрежесто боди со мрежести хулахопки и светкави, црни чизми. По двете разголени комбинации, таа се појави во топол аутфит со зимска јакна.
Заедно со танчарките кои ја придружуваат на сцена и магичните божиќни и зимски украси, очекуваме нејзиниот настап да биде спектакуларен.
Погледнете фотки од пробата на Гвен Стефани за 87-мото издание на настанот во Њујорк:
M. M. | Црнобело