Светна најубаво украсената елка во Рокфелер центарот - Стара е околу 85 години, а има врв од 30 милиони кристали
- Детали
- петок, 01 декември 2023
Природна елка стара од 80 до 85 години била исечена и пренесена во Њујорк, за да стане најубавото новогодишно украсено дрво за овие празници. Годинава посебен впечаток остава врвот на елката, изработен од 30 милиони кристали. Како изгледа елката пред Рокфелер центарот оваа година?
Во средата (29.11) 91-ва година по ред светна елката во центарот Рокфелер, во Њујорк, која е симбол на новогодишните и божиќните прослави низ целиот свет.
Природната елка е висока речиси 25 метри и тешка околу 12 тони. Годинава е украсена со околу 50.000 светилки наредени на жица долга околу 5 милји (околу 8 километри), а на врвот има 3D ѕвезда од Swarovski која е прекриена со 30 милиони кристали.
Ѕвездата тежи 408 килограми и има седум крака.
Природната елка е стара околу 80 до 85 години и внимателно била избрана од страна на Ерик Паузе, главниот градинар во Центарот кој ова го работи од 1995-та година.
Инаку, новогодишната елка ќе стои пред Рокфелер центарот сè до 13-ти јануари.
Погледнете го моментот кога беа вклучени светилките на елката:
https://www.instagram.com/p/C0QZrjLN5GQ/?hl=en
Б. С. Б. | Црнобело