Која е презентерката на вести што го зачуди светот со специфичната тетоважа на лицето?
- Детали
- сабота, 12 април 2025
Ориини Каипара од Нов Зеланд како презентерка на вести пред неколку години стана хит во светските медиуми со тетоважата на брадата. Што всушност значи оваа тетоважа и зошто таа гордо ја носи?
Ориини Каипара е новинарка и телевизиска водителка од Нов Зеланд, позната како првата личност со традиционална маорска тетоважа (моко кауае) која водела национални вести на телевизија.
Во 2023 година, таа престана да работи како презентерка за да стане културен лидер за домородниот народ Маори во Олимпискиот комитет на Нов Зеланд.
Сега, таа се фокусира на промовирање на маорската култура и вредности во спортот.
Иако повеќе не е активна како водителка, таа останува влијателна јавна личност.
Маорите се домороден народ во Нов Зеланд, со богата култура, јазик и традиции. Инаку, тие се полинезиски народ.
Ориини Каипара родена е во 1983 година во Нов Зеланд и потекнува токму од маорските племиња.
Во 2019 година станала првата личност со моко кауае тетоважа, која водела национални вести на телевизија.
Моко кауае е традиционална маорска тетоважа на брадата, резервирана за жени. Таа симболизира висок статус, семејно потекло и го симболизира идентитетот на племето.
Секоја тетоважа е уникатна и ја раскажува личната приказна на жената, вклучувајќи го нејзиното потекло, улогата во заедницата и личните достигнувања.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





